Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Се што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Денешната средба со господинот Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии. Планирам во наредниот период да одржам поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска говореше на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич“ покривни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да…
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, најавуваат од УХМР Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд од над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, со над 60 километри на час. Од понеделник температурите ќе бидат пониски…
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, за МИА, информира дека по електронска пошта добиле известување за повлекување на кандидатурата на обвинителката Фатиме Фетаи за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, но дека ќе бараат потврда на веродостојноста на информацијата. „Добивме мејл, но официјална потврда или негација нема. Јас побарав да ми се јави, но се уште немам повратна информација“, изјави Јолевски за МИА. Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители во понеделникот на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, беше одложена,…
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов учествуваше на Економскиот форум на паметни градови од Западен Балкан, што се одржа во Прага во организација на Министерството за надворешни работи на Чешка. Економскиот форум, во чии рамки присуствуваа претставници од јавниот и приватниот сектор, во фокус стави различни теми поврзани со одржливиот и паметен урбан развој, управувањето со води и отпад и урбаната мобилност, преку размена на искуствата од имплементацијата на паметните решенија на локално ниво, начините за нивно финансирање, како и согледувањето на добрите примери од праксата. Во рамки на учеството на форумот, покрај презентацијата на паметните и одржливи решенија планирани и…
Судот во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди. Тие се обвинуваат за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија. Судот од притвор ослободи тројца осомничени, до почетокот на судењето. Издадена е и наредба од Турција да се депортираат 29 лица, кои полицијата ги уапси во врска со нападот. Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Меѓутоа, ПКК негираше…
Првиот потпретседател на косовската влада, Бесник Бислими, кој е задолжен и за процесот на дијалог со Србија во Брисел, изјави дека вчерашното враќање на Српската листа во косовското собрание докажува оти нивното заминување е дел од стратегијата на Белград и оти ги разобличува „валканите игри“ на српските власти пред меѓународната заедница, но и самите граѓани на Србија кои гласаа за овој политички субјект. „За мене враќањето на Српската листа во Собранието или нивната замена на пратеничките места е јасен доказ за нашиот аргумент дека нивното заминување немаше основа за евентуално незадоволство, туку беше дел од стратегијата на Белград. Немаше промена…
Инспекторите пронајдоа траги од експлозив на местото на оштетените гасоводи „Северен тек“, што потврдува дека била извршена саботажа, изјави денеска шведскиот обвинител. Шведските и данските власти истражуваат четири дупки во цевководите Северен тек 1 и 2 кои ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море и станаа точка на удар во украинската криза. Данска минатиот месец соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека протекувањето било предизвикано од силни експлозии. „Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку од предметите што беа пронајдени“, се вели во соопштението на шведското обвинителство. „Истрагата е многу сложена и сеопфатна. Тековната истрага ќе…
Македонскиот Устав денес влезе во четвртата деценија од неговото донесување. Три децении највисокиот правен акт ја чува и брани државата, неретко и самиот наоѓајќи се на удар, но успешно пливајќи низ општествените и политичките турбуленции. Неговата правна и политичка флексибилност и помогна на Македонија да расте и да се развива. Еден од творците на Уставот, универзитетскиот професор Владо Поповски денеска за НоваТВ ексклузивно откри дека Уставот бил пишуван во карабина на Водно. „Дојде еден ден кај мене Фрчкоски и ми вика ајде да пишуваме Устав. Јас не знаев дека тој претходно бил повикан од Глигоров кој ни ја дал таа…
„Северна Македонија донесе нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година која е целосно базирана на Европскиот зелен договор и оваа стратегија веќе ја имплементираме кај нас“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, што се одржува во Белград. Тој додаде дека во моментот се во фаза на финализирање неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании. „Нашата иднина во производството на електрична…
Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски во студио 10 на Телевизија 24 рече дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро одржуваните во регионот. Во делот на предвидливоста ЕСМ се максимално подготвени да испорачаат електрична енергија. Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот…
Американскиот супер воен брод носач на авиони Џералд Р. Форд, најновиот брод на американската воена морнарица кој се карактеризира со висока технологија, вплови во европски води на својата прва мисија на нашиот континент, објави НАТО на својот Фејсбук профил. Огромниот брод е придружуван од неколку помали бродови на САД, Канада и европските НАТО сојузници Данска, Франција, Германија и Луксембург.