Американскиот супер воен брод носач на авиони Џералд Р. Форд, најновиот брод на американската воена морнарица кој се карактеризира со висока технологија, вплови во европски води на својата прва мисија на нашиот континент, објави НАТО на својот Фејсбук профил. Огромниот брод е придружуван од неколку помали бродови на САД, Канада и европските НАТО сојузници Данска, Франција, Германија и Луксембург.