Author: Соња Крамарска

пишува: СОЊА КРАМАРСКА Ние толку често комуницираме со Еди, толку е тесна соработката помеѓу нашите министерства и институциите, меѓу нашите две земји, што јас навистина, имам чувство дека денес тука сме сите заедно како дома, рече денеска премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на заедничката владина седница со Албанија – порака која најдобро го илустрира издигањето на меѓусебните релации меѓу двете балкански држави. Овие односи не беа секогаш добри но тивко се движеа по нагорна линија. Македонија нефаќајќи и кусур на Албанија што ја призна под името Бивша Југословенска Република и не отстапувајќи од тој став дури и кога македонската…

Read More

За три нови проекти иницирани од првиот вицепремиер Артан Груби, меѓу кои изградба на суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга, паднал договор на денешната заедничка седница на владите на Македонија и Албанија што денеска се одржа во Скопје, соопшти албанскиот премиер Еди Рама во своето воедно обраќање на прес-конференцијата со својот македонски колега, Димитар Ковачевски. Рама денешната заедничка владина конференција ја оцени како многу продуктивна и истакна дека на неа се финализирани 21 договор меѓу двете влади. „Истовремено се договоривме за три иницијативи од Артан Груби кои се однесуваат директно за Коридорот 8, за суво пристаниште во…

Read More

„Од денеска не сум дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Вие ја блокирате работата на Градот, јас нема да бидам дел од тоа“, објави денес советничката во Град Скопје Ирена Попова. Таа е втор совентик кој ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Пред неколку седници коалицијата ја напушти Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ беше…

Read More

Во рамки на денешната меѓувладина седница на Северна Македонија и Албанија, ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми кои се однесуваат на повеќе области. На потпишувањето присуствуваа премиерите Ковачевски и Рама, кои посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување и безбедна иднина за граѓаните на двете земји. Договорите и меморандумите се однесуваат на соработка во делот на евроинтегративниот процес, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување на двете држави, стандардизација на услугите во сферата на дигиталната технологија, меѓународен воден транспорт во…

Read More

Кинеските градови, вклучително и главниот град Пекинг, денеска соопштија за рекорден број заразени со коронавирус. На национално ниво се пријавени 16.072 нови случаи, соопштија кинеските здравствени власти. Ова е најголем број заразени во Кина од 25 април. Рекорден број случаи е евидентиран и во Пекинг, Чонгкинг, Гуангжу и Женгжу, иако во главниот град на Кина новите случаи се неколку стотици, а во другите градови се бројат во илјадници. Процентот на заразени луѓе е екстремно мал во споредба со другите земји, но кинеските власти се држат до нивната строга политика на нула ковид.

Read More

Во регионот нема друг пат на соочување со предизвиците и тешкотиите – од климатските промени до конвенционалните војни, освен соработката, а имаме многу да направиме едни со други, изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката владина седница во Скопје. „Денес нашите две земји го отворија процесот на преговори и фактички направија голем исчекор напред. На 6 декември во Тирана ќе се одржи Самит на ЕУ со Западен Балкан и ние ќе бидеме таму заедно. Верувам дека таму ќе направиме исчекор повеќе, со цел Унијата да не вклучи повеќе во сите напори за да се организираме во пресрет на високите цени…

Read More

Односите на Србија и Косово ќе бидат во фокусот на расправата посветена на случувањата на Западниот Балкан на денешниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ). Според најавите, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ќе ги извести шефовите на европските дипломатии за застојот во дијалогот Косово – Србија и за состаноците кои, кон крајот на минатата недела, тој ги одржа во Париз со премиерот на Косово Албин Курти и со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Борел потврди дека на Србија и Косово им предал предлог за решавање на кризата.…

Read More

„Ние толку често комуницираме со Еди и толку е тесна соработката помеѓу нашите министерства и институциите, меѓу нашите две земји, што јас навистина, имам чувство дека ние денес, тука сме сите како дома. И прекрасно е чувството, затоа што се сеќаваме сите, не толку одамна, целиот Балкан беше во заложништво на ретроградни политики“, рече Ковачевски на почетокот на заедничката владина седница со Албанија што се одржува денеска во Скопје. Посакувајќи им добредојде на гостите тој додаде и дека билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од денес. „На 19 јули, и двајцата во име на нашите…

Read More

Во Скопје се подготвува првата национална конференција посветена на климатските промени во контекст на винопроизводството во земјава. Премиерното издание на конференцијата ќе се одржи под насловот „Влијанието на климатските промени во винопроизводството“ на 16 ноември во Скопје, организаран од Здружението на вински консултанти и едукатори „Калемење“ овозможен преку поддршката на амбасадата на Словачка во Скопје во рамки на програмата на Slovak Aid. Собирајќи на едно место педесетина енолози, винари, лозари и експерти од академската фела, конференцијата има за цел да отвори дискусија околу социо-економските импликации кои ги претрпува производството на вино под влијание на климатските промени и изнаоѓање на можности…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Албанија Еди Рама. На средбата, како што соопшти владината прес-служба премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво. Премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на безбедносни превирања и светска енергетска криза. На средбата се дискутираше и за евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија…

Read More

пишува БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Украинските трупи го вратија Херсон, единствениот главен град на провинцијата што Русија успеа да го заземе во деветмесечната таканаречена „специјална операција“. Ослободувањето на Херсон откри и траги на нови воени злосторства направени од руските сили. Во своето синоќешно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „повеќе од 400 руски воени злосторства“ се веќе документирани. И додека оваа „специјална операција”  оди од лошо кон полошо за Владимир Путин, министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за долгорочните односи со Москва. Во моментов, ангажманот на блокот е регулиран со пет „водички принципи“ поставени од…

Read More

Адвокатката Наташа Пирц Мусар победи во вчерашниот втор круг од претседателските избори во Словенија и ќе стане првата жена шеф на државата во земјата, покажуваат прелиминарните резултати. Пирц Мусар (54) освои 53,86 отсто од гласовите во вториот круг, додека нејзината ривалка, десничарската политичарка и поранешна министерка за надворешни работи Анже Логар, освои 46,14 отсто, според податоците на изборната комисија врз основа на 99 отсто преброени гласови. „Ќе дадам се од себе да бидам вистински претседател за сите, да работам за основните и уставни човекови и демократски права и демократија“, изјави Пирц Мусар по објавувањето на својата победа. Иако неговата улога…

Read More