Author: Соња Крамарска

Владата предводена од СДСМ и коалицијата во изминативе три кризни години издвои околу две милијарди евра помош за граѓаните и фирмите. Со шесте економски мерки за справување со последиците од пандемијата и антикризните мерки за справување со енергетската и економската криза, Владата не ги остави граѓаните и фирмите сами, туку со мерки креирани низ консултации со засегнатите страни, успеа да ги ублажи ударите. Економските пакети за справување со последиците од пандемијата беа во висина од 1,2 милијарди евра. Со нив се помогна да се зголеми потрошувачката и развојот на домашните економски дејности, се поддржаа компаниите за да се сочуваат и…

Read More

Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка, рече премиерот Димитар Ковачевски, на Берлинскиот процес во Берлин, Германија. Во состав на делегацијата се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.На дискусијата сите присутни изразија силна поддршка за членство на државите од Западен Балкан во ЕУ, со јасен став дека ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, присутните посочија дека…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин изјави дека сите земји од Западен Балкан се дел од слободна и демократска Европа и дека заедничка работа на Европската унија и регионот е ветената европска иднина да се претвори во реалност. На отворањето на самитот во рамките на Берлинскиот процес, Шолц рече дека денешната средба е можност да се разговара за многуте предизвици со кои се соочува Западен Балкан. Тој изрази уверување дека Берлинскиот процес не само што може да го ослободи потенцијалот на регионот, туку и да го забрза неговиот пат кон Европската унија. Според германскиот канцелар, „во моментот на бруталната…

Read More

Германија се подготвува да воведе ограничување на цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустриските потрошувачи како дел од нејзиниот последен обид да се справи со енергетската криза, објави Ројтерс, цитирајќи нацрт документ на германската влада. Според извештајот, цената на електричната енергија ќе биде ограничена на 13 евроценти за киловат час за индустриските потрошувачи за 70 отсто од минатогодишната потрошувачка, додека домаќинствата ќе имаат плафон од 40 евроценти за киловат час за 80 отсто користење. Регулативата треба да стапи во сила од 1 јануари. Веста уследи по сличната нацрт-регулатива за цените на гасот. Како што објави Ројтерс, германската…

Read More

Полицијата по распитот го ослободи приведениот Н.Н. за заканите со бомбите во средните скопски училишта. „По извршениот службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во домот на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје“, соопшти МВР. Од неговиот дом се одземени предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата. Платформа именувана како ,,Конзерватив.мк” синоќа на својот фејсбук-профил објави дека нивниот член и активист Никола Николовски е приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги…

Read More

Берлинскиот процес – иницијатива која треба(ше) да го врати Западен Балкан во фокус на ЕУ по периодот на замреност, утре стартува со нова агенда во која покрај врските меѓу Брисел и регионов, се додава и војната во Украина која послужи како своевиден геополитички и безбедносен катализатор Унијата да го забрза вклучувањето на неколкуте балкански држави во своето семејство. Во Берлин, веќе отпатуваа премиерот Димитар Ковачевски и двата клучни министри во чие портфолио се врските со ЕУ- шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Што може да очекува Македонија од овој состанок на кој покрај домаќинот…

Read More

Директорката на клиниката за детски болести Аспазија Софијанова поднесе оставка. Веста ја соопшти Министерството за здравство, со назнака дека оставката ја поднела на барање на министерот за здравство Беким Сали. Докторката Софијанова, угледен и широко признат педијатар и со академска кариера зад себе, оставката ја поднесува по скандалот кој избувна неодамна, кога новинар влезе во нејзиниот директорски кабинет обвинувајќи ја за злоупотреба на дневници за ноќни дежурства на клиниката. Софијанова тоа го негираше и најави тужба но набргу потоа истиот новинар објави вест дека имало усни наредби за зголемување на бодот за плата на еден доктор на клиниката што имплицираше…

Read More

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Чесите ги интензивираат своите активности за заокружување на нивнот шестмесечен мандат како претседавачи на ЕУ. Им остануваат уште два месеца да дојдат до решенија кои се од геостратешки интерес за блокот во овие исклучително непредвидливи и драматични околности кои ги наметна руската агресија на Украина. „Енергијата, Украина, проширувањето…. се главните приоритети за преостанатите два месеци од времето на Чешка на чело на Советот на ЕУ. Се надевам дека до крајот на годината, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се договорат за новата рамка за идните односи на ЕУ со Русија. Ова е нешто што јас…

Read More

Велешката полиција засилена со секторите за борба против дрога на МВР и Царинската управа, пресекоа меѓународен транспорт на наркотични дроги и запленија околу 67 килограми марихуана, со проценета вредност од околу 250.000 евра. По добиени информации за можен транспорт на наркотични дроги, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога преземени се интензивни мерки за проверка и анализа, при што е дојдено до информации и утврдување на идентитетот на лицето кое е инволвирано во вршење на транспортот. Веднаш по ова, полициски службеници од Отсекот за дрога при СВР Велес околу 15.30 часот на наплатна станица Отовица, во правец на…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, денес ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба на 7 ноември в понеделник, јави неговата прес-канцеларија. Средбата ја закажува за 12 часот во просториите на Парламентот. „Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус“, наведуваат од премиерскиот кабинет .

Read More

Вкупно 51 категорија производи содржи т.н. „кошничка за домаќинствата” која од денеска се воведува во супермаркетите во Грција и има за цел цените на конкретните основни производи да останат исти или да има минимални покачувања, јави дописничката на МИА од Атина. Кошничката за домаќинствата содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Каталогот со производи, маркетите ќе треба…

Read More

Прославениот српски кошаркар и НБА ѕвезда, Владе Дивац денеска доби црногорски пасош. Како што соопшти Владата на Црна Гора, на Дивац му врачил пасош премиерот Дритан Абазовиќ. За нас е голема чест и задоволство што имаме можност да му подариме црногорски пасош на легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац“, изјави Абазовиќ. Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа многу му значи емотивно. Дивац, како што се наведува во соопштението, рекол дека неговите предци потекнувале од Црна Гора и дека со оглед на тоа што во изминатите неколку години голем дел од своето време го…

Read More