Прославениот српски кошаркар и НБА ѕвезда, Владе Дивац денеска доби црногорски пасош.

Како што соопшти Владата на Црна Гора, на Дивац му врачил пасош премиерот Дритан Абазовиќ.

За нас е голема чест и задоволство што имаме можност да му подариме црногорски пасош на легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац“, изјави Абазовиќ.

Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа многу му значи емотивно.

Дивац, како што се наведува во соопштението, рекол дека неговите предци потекнувале од Црна Гора и дека со оглед на тоа што во изминатите неколку години голем дел од своето време го поминува главно во Луштица, Црна Гора за него претставува втор дом.

Владата соопшти дека на Дивац му бил даден црногорски пасош по предлог на Абазовиќ.

Извор: Н1 БиХ