Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
На лидерската средба на земјите од иницијативата Западен Балкан, што пред неколку месеци се одржа во Тирана, беа потпишани Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. Со овие договори им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји. Слободното движење и работа во секоја…
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска присуствуваше на Бизнис форумот со Стопански комори на Македонија и Хрватска. Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји. Во рамки на Бизнис форумот, Битиќи имаше и средба со потпретседателот на Владата на Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како…
Четирите главни политички сили во трката се десничарска коалиција, централно-левичарска коалиција и двајца аутсајдери. Десничарската коалиција ги обединува Браќата на Италија на Мелони, Лигата на Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони. Партијата на Мелони порано беше помал партнер на коалицијата на десниот центар. На претходните национални избори, во 2018 година, таа доби приближно 4 отсто одгласовите. Но, по 10 години на опозициските клупи, Браќата од Италија се посилни од било кога. Тие се гордеат дека се единствените што останаа надвор од сите коалициски влади што владееја со Италија за време на претходниот мандат – вклучувајќи ја и онаа предводена од актуелниот премиер Драги. Предлозите на екстремната десница на Мелони вклучуваат запирање на миграциските текови со она што таа го нарекува „поморска блокада“ во Медитеранот. Лигата на Матео Салвини има слична програма и затоа тој постојано губи гласачи од Мелони. Поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој има 85 години, ја предводи централно-десничарската Форца Италија, која сега е убедливо најмалата партија во десничарскиот сојуз. Главната партија на коалицијата на левиот центар е Демократската партија на Енрико Лета. Лета, кој веќе беше премиер на Италија помеѓу 2013 и 2014 година, се залага за социјалдемократска и про-ЕУ агенда. Тој неодамна доби поддршка од германскиот канцелар Олаф Шолц. Коалицијата на левиот центар вклучува и…
Во средата, Данска стана првата членка на ОН која понуди директен кеш за сиромашните држави погодени од климатските промени. Одлуката да плати 13,3 милиони долари на сиромашните држави погодени од климатски катастрофи во места како што е африканскиот регион Сахел го скрши табуто кое со децении владееше во најбогатите земји во светот. Досега, богатите земји избегнуваа такви потези. Нивната загриженост е дека тоа ќе им отвори законска одговорност за климатските штети. И покрај тоа што големината на компензацијата е „безначајна“ во услови на катастрофи предизвикани од топлина кои рутински предизвикуваат штета од десетици милијарди долари, потегот на Данска е важен бидејќи…
Достапна е првата едиција стикери на македонски јазик за социјалната мрежа Instagram. Најавувајќи ја, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, соопшти дека станува збор за 13 стикери, кои можат да се најдат под рубриката GIF, со впишување на клучни зборови како: петок, petok, петокмие, petokmie. Станува збор за фрази, зборови кои се дел од разговорниот јазик на помладите генерации. Истите можат да се слушнат при нивните разговори на кафе или пијачка, во читална, во аулата на факултет, во парк, во маало. „Дојди во маало“, „Штеди, криза е“, „Верувај во себе“, „Ај на клупи“, „Седни учи“, „Тотално зелени“, „Испитна ми е“,…
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со ѕвездата на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во средата, откако таа го одби барањето да носи шамија. Околу 40 минути пред интервјуто да започне, додека го чекале претседателот, неговиот помошник и пренел на Аманпур дека претседателот „предложил“ таа да носи шамија. Аманпур „учтиво“одбила. Аманпур, која има иранско потекло и течно го говори нивниот јазик, вели дека носела шамија додека известувала од Иран за да ги испочитува локалните закони и обичаи, бидејќи поинаку не можела да си ја заврши задачата. Но, во Америка, таа…
„Одземањето на лиценцата на БЕГ не значи дека тие не оперираат. Се додека не почне нов економски оператор, БЕГ мора да ја испорача јавната услуга. Граѓаните треба да се сигурни дека кога ќе се исполнат условите за почеток на грејна сезона, топлинската енергија ќе се испорачува“, рече вицепремиерот за економски прашња Фатмир Битиќи во Вин-вин на Телма. Тој додаде дека постои технички договор меѓу ЕСМ и БЕГ од оваа година со кој се решава испораката на топлинска енергија во Скопје. „ЕСМ нема да купува топлани во овој момент. Не сме на пазар, треба да се започне процедура, да се направат…
„Продажбата на ноќните вишоци на електрична енергија од страна на ЕСМ само ја намалуват производната цена и загубите на ЕСМ. Ние произведуваме електрична енергија со просечна цена од 67 евра за мегават час во термоелектраните, а вишоците ги продаваме за 360 евра. Не ја сфаќам логиката дека сме нанеле штета на државата, ако продаваме за шест пати повисока цена“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Вин-Вин на Телма. Тој додаде дека е подготвен да се откаже од ваквите политики доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски објаснат како се нанесува штета дококу се продава производ шест пати поскапо од…
„Ние за жал спиевме 30 години на еден извор на гас и еве го резултатот. За жал, поради тоа сме ранливи. Мора да се диверзифицираме. Тоа е начинот за справување и со кризи, но и за развој“, изјави вицепремиерот за еконoмски прашања Фатмир Битиќи во „Вин-вин“ на Телма. Тој додаде дека се разговара со Србија, Грција, Турција, Бугарија и дека ќе се разговара и со други земји за да се диверзифицираат изворите на ресурси и електрична енргија. „Стопанството кое добива електрична енергија добива од слободен пазар има потреба од околу 320 мегават часови. Таму се сите, но не сите ќе…
„По закон, ЕСМ треба да понуди 60 отсто од потребните количини електрична енергија за ЕВН. Ние како Влада донесовме одлука 100 отсто од електричната енергија за потребата на регулираниот пазар да се обезбеди од домашни извори“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Вин-вин“ на Телма. Тој додаде дека струја од регулираниот пазар добиваат 653 илјади домаќинства, како и околу 70 илјади економски субјекти. „Досега сме потрошиле 240 милиони евра за субвенционираната цена на електрична енергија за сите на регулираниот пазар“, кажа вицепремиерот и додаде дека Владата потпишува рамковни договори со други земји за набавка за суровини за производство…
Во судирите меѓу иранските безбедносни сили и демонстрантите, лути поради смртта на 22-годишна жена во полиција, загинаа најмалку девет лица од избувнувањето на насилството во текот на викендот, јавува Асошиетед прес. Размерот на протестите во Иран, најлоши во последните неколку години, сè уште останува нејасен бидејќи демонстрантите во најмалку десетина градови – гневни поради социјалната репресија и растечките кризи во земјата – продолжуваат да се соочуваат со безбедносните и паравоените сили. За да спречи ширење на протестите, најголемиот ирански телекомуникациски оператор денеска повторно го затвори пристапот до мобилниот интернет, соопшти Netblocks, група која го следи пристапот до интернет, опишувајќи ги…
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на глобална „криза на демократиите“ по годините на „притисок“ и напори за „дестабилизација“ во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен. „Мислам дека имаме голема криза на демократии, на она што јас би го нарекол либерални демократии. Тоа треба да се каже јасно. Зошто? Прво, затоа што да се биде отворено општество и отворена и кооперативна демократија, прави притисок врз луѓето. Тоа би можело да ги дестабилизира“, рече Макрон во интервјуто снимено вчера, кое ќе се емитува денес на „The Lead“ на CNN. „И затоа мораме секогаш да покажуваме почитување на волјата на луѓето, обзири кон средната класа…