Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот Димитар Ковачевски, во дискусија со студентите на Колумбија Универзитетот говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ која ја оцени како органска иницијатива односно економски сојуз на Србија, Албанија и Република Северна Македонија, изграден врз европските принципи за слободно движење на стоки, капитал, услуги и луѓе. „Ако излезете од Србија кон Унгарија тогаш немате гранични проверки до Скандинавија. Ако одите кон Хрватска запад, немате граници сѐ до Португалија. Ако одите на југ на секои 100 километри имате граница, и тоа создава потешкотии за луѓето, за економиите, за транспортерите за логистиката. Овие граници создаваат само корупција и ништо друго и затоа се…
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел имаше состанок со комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархеји, на кој разговараа за процесот на скрининг, за следните активности во процесот на преговори и за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија. „Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската перспектива на Северна Македонија. Сега е најважно да сме фокусирани на реформите и да останеме на европскиот пат. Тоа е наша обврска и задача која им ја должиме на граѓаните, да обезбедиме просперитет и напредок на земјата“, рече Маричиќ на состанокот. Маричиќ го информирал Вархеји за скрининг состаноците и за подготовките…
Врз основа на добиена пријава за пласиран небезбеден производ на пазарот во Македонија, – виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на повеќе серии од овој производ, чиј рок на употреба е до крајот на ноември. Агенцијата извести и дека кај компанијата увозник е извршен вонреден инспекциски надзор и е утврдено дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати,…
Експерти работат на префрлање на веб-страницата на Министерството за образование и наука на друга платформа, а воедно се работи и на дополнителна заштита од напади од надвор, појаснуваат од Министерството. Иако школската година започна, веб страницата се уште не е во функција со што се загрозени можностите на студентите да се информираат за испитите и наставата но и за сместување во студентски домови. Додека трае консолидацијата на интернет страницата, за учениците и студентите е активен налогот на социјалните мрежи преку кој Министерството за образование им ги соопштува новостите. Веб страницата беше исклучена веднаш по хакерскиот напад на 9 септември, кој според…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното онлајн вклучување од Брисел, во „Студио 10“ на ТВ24, изјави дека важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите и дека верува дека има во ВМРО – ДПМНЕ и пратеници и политичари кои ја сфаќаат тежината на овој процес, кои сфаќаат дека овој процес е неповторлив и дека не треба сами да се закочиме себе по прифаќањето на францускиот предлог, односно по земањето на обврската за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. -Јавно го повикувам Александар Николоски како претседател на националниот совет за европска интеграција да…
На локалните избори 2021 доаѓањето на Данела Арсовска беше поздравено со труби. Атмосферата што се создаде по нејзината победа направи од Арсовска нова вмровска икона. Данела тогаш нејзината политичка припадност ниту ја одрече ниту ја потврди. Поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и годеше иако во ниту еден момент не ја призна. Цвеќето за добредојде сепак дојде од нејзиниот претходник Шилегов, додека пак ВМРО-ДПМНЕ ја дочека со политичка сметка за поддршката. Како бизнисменка таа одлично знаеше дека секоја направена сметка треба да се плати. Вклучително и сметката за нејзиниот избор на престижната функција градоначалник на метрополата. По вокација правник а по магистерска титула…
Осум цивили загинаа, а 33 беа повредени во руското гранатирање на територијата на Украина на 17 септември 2022 година, објави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. „Ефектите од руската вооружена агресија. Жртви меѓу цивилите: осум загинати, 33 повредени“, напиша Тимошенко. Според податоците од регионалните воени администрации, двајца цивили се повредени во регионот Дњепропетровск; петмина загинати и 18 повредени во регионот на Доњецк; еден повреден во регионот Запорожје; еден повреден во регионот на Миколаев; тројца загинати и 11 повредени во регионот на Харкив. Четворица здравствени работници загинаа при евакуација на цивили во…
Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово, извести дека утрово од полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфракт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над Стрезимир. Случајот го пријавил планинар кој дошл до полицскатастаница, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање. Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасувачката група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. Центарот за управување со кризи извести дека од страна на полициската станица – Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до место каде…
Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на сопругата, од 19 до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, како и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми. Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на главната дебата каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“. Тој ќе говори и на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата…
Унгарија повеќе не може да се смета за целосна демократија, се вели во соопштението на Европскиот парламент по усвојувањето на извештајот денеска. Парламентот заклучи дека ситуацијата „се влоши толку што Унгарија стана изборна автократија“. „Генерално, европскиот парламент изразува жалење што недостатокот на решителна акција на ЕУ придонесе за рушење на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија и претворање на една од нејзините земји-членки во хибриден режим на изборна автократија“, се вели во извештајот. „Постои растечки консензус меѓу експертите дека Унгарија повеќе не е демократска држава“, се додава во извештајот. Во својот извештај, членовите на парламентот наведоа низа…
Денес во просториите на Државниот универзитет во Тетово се одржа расправа за планот за управување со националниот парк Шар Планина и расправа за Стратешка оцена на планот за управување со ова национално богатство. „Нашата цел не е да направиме природен музеј, туку да го ставиме ова подрачје под одреден степен на заштита, а воедно да овозможиме одржлив развој на подрачјето“, рече министерот за животна средина Насер Нуредини, нагласувајќи дека паркот мора да функционира на цврста основа, правна регулатива и со солидни плански документи со кои ќе бидат заштитени покрај природните вредности и интересите на жителите и стопанствениците. Директорот на ЈУНП…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса: старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11-ти Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и…