Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По хакерскиот напад сајтот на  МОН ќе мигрира на друга платформа

0
By Соња Крамарска on September 21, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2022 12:57

Експерти работат на префрлање на веб-страницата на Министерството за образование и наука на друга платформа, а воедно се работи и на дополнителна заштита од напади од надвор, појаснуваат од Министерството. Иако школската година започна, веб страницата се уште не е во функција со што се загрозени можностите на студентите да се информираат за испитите и наставата но и за сместување во студентски домови. Додека трае консолидацијата на интернет страницата, за учениците и студентите е активен налогот на социјалните мрежи преку кој Министерството за образование им ги соопштува новостите.

Веб страницата беше исклучена веднаш по хакерскиот напад на 9 септември, кој според Министерството на нанесе штети за злоупотреба на податоците и другите содржини на платформата.  Министерството вели дека експерти работат на вградување на посилна заштита на страницата, но и на префрлување на друга платформа.

МОН од првиот ден е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, каде што беше пријавен случајот и од каде, заедно со МВР се преземат активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите.

Инаку, хакерите оставиле свој потпис: Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers”.

Минатата недела цел на хакерски напад беше и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, кој напад се смета за посериозен бидејќи се работи за напад врз електронскиот систем  што во праксата значи барање на голем откуп за да бидат вратени податоците и повторно да профункионира системот.

Последниве месеци актуелни се информациите за хакерски напад од големи размери врз електронскиот систем на албанската влада за што официјална Тирана го обвини Иран и ги прекина дипломатските односи со таа земја.

 

 

Министерство за образование хакерски напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.