Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

0
By Соња Крамарска on September 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2022 12:30
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното онлајн вклучување од Брисел, во „Студио 10“ на ТВ24, изјави дека важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите и дека верува дека има во ВМРО – ДПМНЕ и пратеници и политичари кои ја сфаќаат тежината на овој процес, кои сфаќаат дека овој процес е неповторлив и дека не треба сами да се закочиме себе по прифаќањето на францускиот предлог, односно по земањето на обврската за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот.
-Јавно го повикувам Александар Николоски како претседател на националниот совет за европска интеграција да седнеме и да разговараме на кој начин тоа тело а со тоа и опозицијата ќе има улога во овој процес. Ние во текот на скринингот ќе треба да утврдиме преговарачки позиции, тоа значи дека треба да се обврземе за колку време можеме некои работи да ги прифатиме и да ги исполниме. Во тоа има улога и Собранието, рече Маричиќ.
Според вицепремиерот Маричиќ содржински тоа не би требало да биде проблем бидејќи тоа го имаат кажано неколку политичари од ВМРО – ДПМНЕ, дека не е проблем содржински да се внесат Бугарите во Уставот бидејќи нашиот Устав познава повеќе заедници, признавање на повеќе заедници со сите нивни права.
Главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ мисли дека консензусот за наше членство во ЕУ треба да се обнови и дека не би било фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, ниту пак кон државата бидејќи и онака доволно чекавме, доволно бевме блокирани и имавме пречки досега.
-Ние се боревме како Влада да оствариме две битни цели. Едната е да си ја оствариме нашата надворешна политичка цел за членство во ЕУ, да не остане таа само на хартија и само во теорија. Втората е да го заштитиме нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик. Јас сметам дека тоа е возможно. Дека ние може да влеземе во ЕУ во догледно време како Македонци кои говорат македонски јазик. Ако тоа го сфатиме и работиме на таа кауза и како политички партии и како поединци и како медиуми и општествени чинители можеме да го постигнеме сето тоа. Ова е задача на целото општество, порача Маричиќ во „Студио10“.
„Студио 10“ Бојан Маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.