Author: Соња Крамарска

Вицепремиерот Маричиќ во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека Владата има јасна цел и дека се водат од државните итереси, државничките мотиви и желбата да се однесе државата напред, потенцирајќи дека едниот интерес е да се зачува нашиот идентитет и јазик, а вториот, Северна Македонија, да стане членка на Европската Унија. „Никој не може да ни го оспори идентитет и да ни го земе, без наша волја и желба, а кај нас нема никаква волја за бришење на нашиот идентитет, напротив ние инсистиравме македонскиот јазик да се најде во преговарачката рамка, и се најде. Ние инсистираме Фронтекс договорот да биде…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека нема да има никаква смисла ниту цел одржување на референдум, кога без разлика на исходот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не планира да гласа. „Прашањето за референдум е навистина сериозно и жалам што ВМРО-ДПМНЕ на таков начин го отвори, не е тоа соочување на власта и опозицијата, туку едноставно зошто би биле ставени граѓаните во таква ситуација. Да се потсетиме прашањето кое што го предлага ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е врзано за договорот од 2017, договорот со Бугарија, за кој што исто како и за францускиот предлог во јули…

Read More

Вооружените сили на Украина елиминираа повеќе од 1.800 руски напаѓачи на југот на Украина во последните две недели. Ослободени се територии од речиси 500 квадратни километри, изјави Наталија Хуменjук, шеф на заедничкиот координативен прес-центар на одбранбените сили на југот на Украина, јавува Укринформ. Таа додаде дека, додека се повлекувале, Русите минирале дел од територијата. „Напредувавме во различни области од четири до неколку десетици километри. Ослободивме области од околу 500 квадратни километри. Можеме да тврдиме дека населбите во регионот Херсон – Високопилија, Нововознесенске, Билохирка, Сухи Ставок и Миролиубивка се веќе ослободени денеска и се под украинско знаме. Сепак, гранатирањето на овие области…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брдо кај Крањ учествуваше на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, на кој се дискутираше за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, за безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и за мерките и начините за справување со енергетската и економската криза предизвикана од војната во Украина. Проширувањето на ЕУ, посочи Пендаровски, придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, и…

Read More

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович свечено ја отворија „Алејата на Украина“. Герасимовски истакна дека оваа локација каде денеска се отвори „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и општина Центар на Украина и украинскиот народ. „Општина Центар сочувствува со Украина и украинскиот народ. Нашите жители веќе згрижија неколку семејства меѓу кои и мајка со новороденче. Помошта и поддршката се најдрагоценото нешто доколку се даде тогаш кога треба. Општина Центар останува отворена за помош и поддршка на сите семејства и поединци од завојуваните подрачја…

Read More

Утре во центарот на Скопје, свечено ќе се отвори „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев) и изложбата која го прикажува уништеното културно наследство на Украина. „На 12.09.2022 година во 10:30 часот во центарот на Скопје градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович свечено ќе ја отворат „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев), како и изложбата која го прикажува уништеното културно наследство на Украина“, информира амбасадата на Украина во Скопје. Инаку денеска е двестотиот ден откако Руската Федерација ја започна војната против Украина. И овој ден како и изминатите 200…

Read More

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за посебни услови според кои ќе се определува највисоката трговска маржа на пазарот со електрична енергија. Како што денеска на прес-конференција информираше министерот за економија Крешник Бектеши, највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на  пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10 отсто. „Трговската маржа за учесниците  на  пазарот на електрична енергија ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за мегават часови од Унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно…

Read More

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев денес присуствуваше на доделувањето титула почесен доктор на евроизвестителот за Македонија, Илхан Ќучук од Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Изразувајќи задоволство од ова признание за европскиот известител, тој рече дека тоа е најмалку што може еден од нашите македонски универзитети да го даде на Ќучук, кој што работи не само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за  целиот регион. Верувам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари од Северна Македонија и од Бугарија, изјави Заев. Оценувајќи ги односите меѓу двете земји, поранешниот премиер оцени дека има позитивно приближување и го поздрави…

Read More

Во моментот кога умре Кралицата, тронот веднаш и без церемонија премина на наследникот Чарлс, поранешниот принц од Велс. Но, постојат голем број практични – и традиционални – чекори низ кои тој мора да помине за да биде крунисан за Крал. Како ќе се вика? Новиот британски крал, синот на Кралицата Елизабета ќе биде познат како кралот Чарлс Трети. Тоа беше првата одлука од владеењето на новиот крал. Можеше да избере од кое било од неговите четири имиња – Чарлс Филип Артур Џорџ. Чарлс не е единствениот кој се соочува со промена на титулата. Иако е престолонаследник, принцот Вилијам нема автоматски…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа прес конференција за напредокот на постапката за доделување на концесија за користење на водите на Црна Река за изградба на хидроцентрали. Денес до 11 часот беше крајниот рок за доставување и отворање на понудите за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрен во јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ, проект за кој постапката е започната на 17 јануари 2020 година со донесување на одлука на Владата. Согласно записникот на Комисијата пристигнати се понуди од две компании, од Конзорциумот ППЦ и Чиродрон Гроуп од Грција и од ЕДФ од Франција. „Има две понуди – од…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на –  Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата. Градоначалникот Костадинов истакна дека овој проект е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и општествено одговорните инвеститори, а во интерес на решавање на проблемите со кои што се соочуваат граѓаните. „Со добиените средства во износ од 1,4 милиони евра…

Read More

„Не поддржувам референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа би било исто како да веруваме оти може да го поништиме Преспанскиот договор со Грција, а да веруваме дека може да останеме членка на НАТО, што не е можно“. Ова е ставот претседателот Стево Пендаровски, што го изнесе денес одговарајќи на новинарско прашање. „Ова не е мој ад хок став, тоа е втемелено на аргументи и на процес на размислување до што може да доведе ако тој референдум биде успешен. Да нема некоја забуна, да повторам уште…

Read More