Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Народот нема да го поддржи референдумот на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Соња Крамарска on September 9, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на поранешниот премиер Зоран Заев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 9, 2022 13:44

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев денес присуствуваше на доделувањето титула почесен доктор на евроизвестителот за Македонија, Илхан Ќучук од Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Изразувајќи задоволство од ова признание за европскиот известител, тој рече дека тоа е најмалку што може еден од нашите македонски универзитети да го даде на Ќучук, кој што работи не само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за  целиот регион. Верувам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари од Северна Македонија и од Бугарија, изјави Заев.

Оценувајќи ги односите меѓу двете земји, поранешниот премиер оцени дека има позитивно приближување и го поздрави изгласувањето на францускиот предлог и во Македонија и во Бугарија.

„Неодамна се оствари една нова средба помеѓу нашиот премиер и претседателот Радев, секако и бугарскиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза и на многу други активности. Јас верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството. Многу пати сум кажал, ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива, наша обврска е да обезбедиме за младите, за идните генерации, за децата да може да соработуваат, да може да се чувствуваат дома кога се во двете земји и да им отвориме подобри перспективи“, рече Заев.

„Стојам на располагање секогаш како поранешен премиер, да бидам од помош во Република Северна Македонија за добрите односи со Република Бугарија затоа што го сакам целиот наш македонски народ, затоа што го сакам целиот бугарски народ, а можам да бидам навистина од помош и во деловната соработка заради тоа што веќе се вратив во бизнисот и работам економија“, изјави тој.

На новинарското прашање за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев оцени дека над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а 25 проценти како што рече се „за“ заради тоа што се членови на ВМРО-ДПМНЕ и ја следат својата партија.

„Во светот не постои пример некој да е против пријателство, против добрососедство и против соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Република Северна Македонија тоа нема да го поддржат, затоа што ние се радуваме на подадената рака, на пријателството, на соработката, затоа што конечна цел и задача на сите, а најмногу на политичарите е да обезбедат иднина за својот народ, за целиот регион, за целиот европски континент, и да дадат позитивен пример на светско ниво во политиката. Убеден сум дека нашето пријателство, добрососедство и соработка во иднина ќе биде пример и од тој аспект, јас како поранешен градител на тоа пријателство, потписник на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија како премиер на Република Северна Македонија, испраќам порака до политичарите и во Северна Македонија и во Бугарија, да го негуваат добрососедството, пријателството и соработката“, порача поранешниот премиер.

На прашањето на бугарските новинари има ли во Македонија политичка волја за промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство, Заев одговори дека верува дека има. „Во нашиот Устав имаме седум етнички заедници и други заедници. Се работи за впишување на наши граѓани со бугарска самосвест, како што има во Хрватска и други земји, и мислам дека тоа прашање треба час побрзо да се реши. Ќе ја земам за пример една Хрватска која е членка на ЕУ и која што има искуство како нашето со мултиетничко општество, има 24 етнички заедници во нивниот устав. Ние го разбираме бугарскиот устав, тој е поразличен од нашиот Устав и по линијата на Франција, Америка и на други, ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа е нашето што треба час поскоро да го направиме затоа што час поскоро ќе чекориме и кон отворањето на поглавјата за Северна Македонија“, рече тој.

„Јас сум исклучително горд на двата договори, Договорот за добрососедство, соработка и пријателство со Бугарија и договорот од Преспа. Преку овие договори повторно ги изградивме нашите пријателство со нашите први соседи. Денеска Република Северна Македонија е пријател со сите свои соседи и со остатокот од светот. Денеска сме симбол на пријателство и тоа пријателство носи бенефит на сите. Нашиот македонски идентитет, нашиот македонски јазик се загарантирани и непроменливи“, изјави Заев прашан дали жали што го потпишал договорот со Бугарија.

„Мене ми е драго кога ги слушам и високите претставници на Бугарија, Грција и на другите како зборуваат за Македонците, за македонскиот јазик и слично. Нашиот македонски идентитет никогаш порано во историјата не бил попризнат, попочитуван и поверификуван, и само со пријателство можеме да одиме напред. Преку пријателството денеска имаме стабилна земја, иако е мултиетничка е стабилна, имаме едно општество за сите, пријатели со своите соседи, а истовремено ја добивме автокефалноста на нашата Црква, знаеме дека останува последниот чин на доделувањето на Томосот, доживеавме и Руската православна црква да ја признае Македонската православна црква. Тоа го кажувам заради тоа што само со пријателство се случуваат убави и добри работи и за сегашните и за идните генерации“, оцени Заев. (С.К.)

Зоран Заев Илхан Ќучук почесен доктор референдум на ВМРО-ДПМНЕ ФОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.