Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Американскиот претседател Џо Бајден има намера да се кандидира за реизбор во 2024 година, иако анкетите покажуваат дека 75 отсто од поддржувачите на Демократската партија не го сакаат за свој кандидат. Ова јасно го истакна портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, за време на брифингот со новинарите. Од неа беше побарано да коментира за анкетата нарачана од Си-Ен-Ен, објавена вчера, според која само 25 отсто од демократските гласачи ја поддржуваат номинацијата на Бајден во 2024 година. „Не сме загрижени за изборите. Претседателот јасно стави до знаење дека има намера да се кандидира, но е толку далеку што е рано да…
Бизнисот е во паника за снабдување и за цените на електричната енергија, додека домаќинствата можат да бидат спокојни, струјата е гарантирана до април 2023 година – е заклучокот од денешната вонредна средба меѓу енергетичарите и Владата. Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Владата а денес претседател на Македонската енергетска асоцијација, го спореди еден мегават струја со чисто злато, илустрирајќи ги галопирачките цени на светските берзи кои имаат свое влијание и во Македонија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој исто така учествуваше на состанокот, вели дека ако се раководат од цената на природниот гас на светските берзи, цената на…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле одговори на критиката на еврокомесарот Оливер Вархеји дека неговата партија ги поминала основните демократски црвени линии во дејствувањето против францускиот предлог. „Сметам дека единствените црвени линии кои беа поминати беа тие на распродажбата на македонскиот идентитет, грубата трговија со нашите историски наследства и културни обележја врз кои како народ ја градиме нашата држава и го негуваме нашиот идентитет. Познавајќи ја европската бирократија, го разбирам господинот Вархеји кој како политичар во ЕУ сака уште едно завршено поглавје на своето биро, уште едно затворено прашање. И воедно, јасно ми е дека од…
Возот на линијата Скопје-Табановце е во прекин од 23 јули поради недостиг на машиновозачи, соопшти ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. „Линијата Скопје-Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостиг на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје-Табановце-Скопје да се нормализира во август 2022 година“, велат од Железници АД – Скопје. Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје велат дека имаат месечни билети за возот и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо да се реши проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од превозот со автобус. (Р.Н.)
Американските власти велат дека не се плашат дека Кина ќе го нападне авионот на Ненси Пелоси доколку таа лета за Тајван. Но, спикерката на Претставничкиот дом на САД ќе влезе во една од најжешките точки во светот каде што несреќен случај, погрешен чекор или недоразбирање може да ја загрози нејзината безбедност. Така, Пентагон развива планови за каква било непредвидена ситуација. Официјални лица изјавија за Асошиетед прес дека ако Пелоси замине во Тајван американската војска ќе го зголеми своето движење на сили и средства во индо-пацифичкиот регион. Борбени авиони, бродови, средства за надзор и други воени системи најверојатно ќе се користат…
Повеќе од 1.000 летови на Луфтханза се откажани денес поради еднодневен штрајк на германскиот персонал на авиокомпанијата. Околу 134.000 патници мораа да ги променат плановите за патување или целосно да ги откажат. Најмалку 47 врски веќе беа откажани вчера, објави германската новинска агенција ДПА. Најпогодени се главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен, но откажани се летови и во Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт и Келн. Авиокомпанијата ги советува патниците да не доаѓаат на аеродромите бидејќи на повеќето шалтери таму и онака нема да има персонал. Портпаролот на Луфтханза Мартин Леутке го критикува штрајкот како штетен. „Луѓето кои…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. „По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на…
Од денес почнува етапната исплата на јулските пензии. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се врши денеска, на 27.07.2022 година. За пензии со висина 11.000 – 14.000 денари, исплатата ќе биде утре (четврток) на 28.07.2022 година За пензии со висина 14.000 – 18.000 денари, исплатата ќе се врши в петок на 29.07.2022 година и за пензии со висина над 18.000 денари, исплата ќе биде на 01.08.2022 година (понеделник). Пензионерите кои користат платежна…
Ноќеска во 00.15 часот на местото викано „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници од полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко. На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканија“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници. Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Бритни Спирс и Елтон Џон снимија преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година. Како што пишува „Пејџ сикс“ тие ја снимиле траката минатата недела во студио во Беверли Хилс. „Ова беше негова идеја и Бритни се сложи. Тие ја снимија обработката на легендарниот сингл ‘Tiny Dancer’ и тоа навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват”, изјави извор близок до музичарите. Тој додаде дека Бритни се радува на големото враќање на сцената. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ таа го објави 2016 година. „Јуниверзал мјузик“ ќе ја објави песната следниот месец. Инаку, списанието „Ролинг стон“ ја вклучи песната на…
Блиска соработничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Жужа Хегедуш поднесе оставка по неговата изјава дека е против мешањето на расите. Таа 20 години му беше соработничка на Орбан. Хегедуш го нарече говорот на Орбан во кој тој се спротивстави на нациите од „мешани раси“ како „чисто нацистички“, објавија унгарските медиуми. Меѓународниот комитет на Аушвиц го нарече говорот „глупав и опасен“. Портпаролот на Орбан изјави дека медиумите погрешно го претставиле говорот, пренесува Би-Би-Си. На митингот во Романија во саботата, Орбан рече дека миграцијата ги подели Европа и Западот на два дела и додаде дека земјите каде што се мешаат Европејците и…
Во обид да ја скроти инфлацијата која се искачи на речиси 200 отсто минатиот месец и да спречи нов колапс на африканската валута со најлоши резултати, Зимбабве оваа недела воведе опција за плаќање во златни монети. Сепак, многу жители на таа земја, кои со децении се соочуваат со недостиг и невработеност, тешко дека ќе можат да си дозволат купување златници додека довербата во домашната валута останува на ниско ниво, пишуваат светските медиуми. Централната банка на Зимбабве лансираше златни монети во понеделникот на 25 јули, во обид да помогне во спречувањето на зголемената инфлација, посочува Би-Би-Си, додавајќи дека оваа година зимбабвескиот…