Од денес почнува етапната исплата на јулските пензии. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се врши денеска, на 27.07.2022 година. За пензии со висина 11.000 – 14.000 денари, исплатата ќе биде утре (четврток) на 28.07.2022 година За пензии со висина 14.000 – 18.000 денари, исплатата ќе се врши в петок на 29.07.2022 година и за пензии со висина над 18.000 денари, исплата ќе биде на 01.08.2022 година (понеделник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јули, односно денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Р.Н.)