Author: Соња Крамарска

Доцна вечерва пожарот во околината на Ѓавато (општина Богданци) повторно се разгоре и претставува закана за куќите. Подрачјето е зафатено од силен ветер, што дополнитено го распламтува огнот и ги држи жителите во неизвесност бидејќи од 13.30 часот досега постојано гори со променлив интензитет. Жителите велат дека на терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевегелија. Околината е тешко пристапна. Пред повеќе два часа, претставници од локалното население изјавија дека пожарот повеќе не е закана за куќите и дека е локализиран во делот кон селото. Во тие моменти можеа да се забележи пламени јазици…

Read More

Во Албанија денеска даде заклетва новиот претседател Бајрам Бегај. Тој ќе биде осмиот претседател на државата. Бегај беше избран за претседател на 4 јуни годинава, со 78 гласови на пратениците на Собранието во третиот круг, откако владеачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија не се договорија за избор на консензуална личност за претседател. Демократската партија не гласаше за Бегај и го нарече неговото назначување неуставно. Бегај, кој по професија е лекар, доаѓа како претседател од позицијата началник на Генералштабот на албанските вооружени сили. Тој ја презеде функцијата од Илир Мета, чие претседателство се карактеризираше со судири со владата на Еди…

Read More

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во дипломатска офанзива во Египет, ги отфрли тврдењата дека Москва ја предизвикала глобалната криза со храна. Во говорот пред амбасадорите на Арапската лига во Каиро, тој рече дека западните земји ја искривуваат вистината за влијанието на санкциите врз глобалната безбедност на храната. Тој ги обвини западните земји дека се обидуваат да ја наметнат својата доминација над другите. Голем дел од арапскиот свет и Африка се тешко погодени од недостигот на жито предизвикан од руската војна во Украина. Договорот склучен дури оваа недела за обновување на извозот на жито од Украина виси на конец…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил убиство. Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – загрозување на сигурноста кое претходело на обидот за убиство. На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека…

Read More

Речиси 1.200 мигранти без документи пристигнале во Италија во изминатите 24 часа, соопштија властите. Мигрантите, кои потекнуваат од неколку африкански и блискоисточни земји стапнаа на неколку пристаништа во Сицилија. Официјални лица соопштија дека 674 луѓе биле спасени и пет мртви тела извлечени од пренатрупан рибарски брод во близина на брегот на Калабрија. Други 522 луѓе спасени од околу 15 чамци беа донесени во Лампедуза во саботата. Чамците тргнале од Либија и Тунис. Лампедуза е едно од главните пристаништа за пристигнување на луѓето кои сакаат да стигнат до Европа. Меѓу спасените има и мигранти од Авганистан, Пакистан, Судан, Етиопија и Сомалија. Според италијанските…

Read More

Руската воена морнарица наскоро ќе биде збогатена со најдолгата подморница во светот, која нејзиниот производител ја прикажува како истражувачки брод – но САД со загриженост гледаат на неа оценувајќи ја како платформа за шпионажа и лансирање на нуклеарно оружје. Бродот „Белгород“ и беше предаден на руската морнарица овој месец во пристаништето Северодвинск. Неговиот дизајн е модифицирана верзија на руските подморници со наведувани проектили од класата Оскар II, но подолга со цел на крајот да се сместат првите стелт торпеда во светот со нуклеарно вооружување и со опрема за собирање разузнавачки информации. Со должина од 184 метри „Белгород“ е најдолгата подморница…

Read More

На претседателот Стево Пендаровски, „администратор“ на англиската верзија на неговата биографија на Wikipedia, му впишал средно име „стока“, а навредите не застанале само на него, туку на истата страница е додадено и „ќурка“ на името на премиерот Ковачевски. Сепак најголема омраза се случи на страницата на премиерот Ковачевски каде некој „администратор“ малициозно впишал и датум на негова смрт – Илинден, 2021 година. Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија. Веб страницата според историјатот на промените ги одбележала промените како „вандализам“ или „употреба на навредливи поими“ по што се избришани или преправени затоа…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама  ја предупреди албанската јавност дека се можни рестрикции на електрична енергија бидејќи, како што рече, Албанија не добила доволно струја. Тој додаде дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, во кој се предвидува и рестрикција во случај на потреба. Рама посочувајќи го примерот со Германија, каде како што рече свеста на граѓаните е на високо ниво, па почнале пократко и поретко да се тушираат, побара од граѓаните да штедат електрична енергија. Дневната потрошувачка на електрична енергија во земјата е околу 25 милиони киловат часови. При поволни хидролошки услови потребите ги задоволува од производството…

Read More

Аријанит Хоџа од Движење БЕСА денеска на својот Фејсбук профил објави реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на тоа дека има дилема околу тоа дали албанските опозициски партии се воопшто во опозиција или пак се резервна варијанта. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја постави дилемата дали албанската опозиција е против оваа влада или не, што уште еднаш ја докажува како точна дилемата што ја поставив пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ, појавувајќи се во јавност како да се напаѓаат, а резултатите од оваа „пресметка“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување…

Read More

Во рамки на својата посета на Египет која што е во тек, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се обрати пред Арапската лига. Тој сака да обезбеди поддршка за Москва по силниот бран меѓународни реакции на гнев и осуда кон Русија поради војната што ја предизвика во Украина. Лавров разговараше во Каиро со неговиот египетски колега Самех Шукри. Египет има значајни врски со Русија, која им испорачуваше пченица, оружје и – до почетокот на инвазијата на Украина и голем број туристи. Тоа е првата етапа за Лавров од кратката турнеја низ Африка во Етиопија, Уганда и Конго. Во…

Read More

За него нема дилема дека, без разлика на агресивната дигитална револуција, за добар концерт се доволни гитара, добар разглас и појачало. Во рамките на серијалот концерти Garden Sessions вечерва во Ботаничката градина „Јевремовац“ ќе настапи познатиот рок-музичар Дадо Топиќ, кој специјално за Танјуг вели дека за добар концерт се доволни гитара, добар озвучување и засилувач. Дадо е уверен и дека изведбата во живо на рок музиката ќе ја преживее секоја дигитална револуција. Топиќ во Белград ќе настапи со неговиот бенд „Време по време“, што е директна алузија на неговиот поранешен бенд „Време“. (Танјуг)

Read More

Хрватското Министерство за трговија, туризам и инфраструктура соопшти дека на местото каде што потона туристичкиот брод кај Сплит сега има нуркачи, кои треба да го спречат истекувањето на горивото од резервоарот на бродот, што може сериозно да го загади Јадранското Море. „Според информациите со кои располагаме во рамки на истрагата за причините за оваа поморска несреќа, која ја спроведува Капетанијата на пристаништата во Сплит, во тек се координирани спасувачки активности за туристичкиот брод „Sea Villa“ долг 21,6 метри. Овој пловен објект е во сопственост на правно лице од Република Хрватска, а утринава по два часот удрил во крајбрежниот ѕид на…

Read More