Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нервоза во САД поради новата руска поморница „Белгород“

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 24, 2022 18:12

Руската воена морнарица наскоро ќе биде збогатена со најдолгата подморница во светот, која нејзиниот производител ја прикажува како истражувачки брод – но САД со загриженост гледаат на неа оценувајќи ја како платформа за шпионажа и лансирање на нуклеарно оружје.

Бродот „Белгород“ и беше предаден на руската морнарица овој месец во пристаништето Северодвинск. Неговиот дизајн е модифицирана верзија на руските подморници со наведувани проектили од класата Оскар II, но подолга со цел на крајот да се сместат првите стелт торпеда во светот со нуклеарно вооружување и со опрема за собирање разузнавачки информации.

Со должина од 184 метри „Белгород“ е најдолгата подморница во светот – подолга дури и од балистичките и наведувани ракетни подморници на американската морнарица од класата Охајо, кои се долги 171 метар.

Она што го издвојува „Белгород“ од која било од подморниците на нуклеарен погон во руската флота, и, од која било од нуклеарните подморници што оперираат насекаде во светот е неговата мисија. ТАСС објави дека подморницата ќе ги носи нуклеарните торпеда „Посејдон“ кои се во развој, кои се дизајнирани да бидат лансирани од стотици километри далечина и кои ќе бидат невидливи за крајбрежната одбрана.

„Ова нуклеарно мега торпедо е единствено во историјата на светот“, напиша американскиот експерт за подморници Х. И. Сатон на својата веб-страница „Covert Shores“.

И американските и руските официјални лица велат дека торпедата би можеле да испорачаат боеви глави од повеќе мегатони, предизвикувајќи радиоактивни бранови што би ги направиле делови од целното крајбрежје непогодни за живеење со децении.

Во извештајот на американската Конгресна служба за истражување се вели дека „посејдоните“ се наменети како одмазднички оружја, дизајнирани да возвратат на непријателот по нуклеарен напад врз Русија. „Белгород“ би можел да носи до осум „Посејдони“, иако некои експерти за оружје велат дека неговата носивост е поверојатно да биде шест торпеда. Торпедото „Посејдон“ се очекува да биде со дијаметар од 2 метри и долг над 20 метри, и е најголемото торпедо некогаш развиено во која било земја.

Тоа е триесет пати поголемо од обичното тешко торпедо.

Рускиот претседател Владимир Путин ги фалеше „Посејдоните“ во говорот во 2018 година, велејќи: „Тие се тивки, лесно се управуваат и немаат слаби точки кои непријателот може да ги искористи“.

Се очекува „Посејдон“ да биде подготвен за распоредување до втората половина на оваа деценија, најверојатно по 2027 година.

„Белгород“ е само првата подморница во флотата од четири подморници што може да ги носи торпедата „Посејдон“, при што две се наменети за служба во руската Пацифичка флота и две во нејзината северна флота.

Воените експерти коментираат дека „подводната игра на мачка и глушец, во која американската и британската морнарица ги демнат Русите, би можела повторно да се засили“.

Во соопштението овој месец, пак, рускиот бродоградител истакна дека со „Белгород“ се отвораат„нови можности за Русија“ да спроведе „научни експедиции и спасувачки операции во најоддалечените области на светскиот океан“.

„Белгород“ руска подморница САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.