Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Марио Драги денес поднесе оставка како италијански премиер, внесувајќи ја земјата во повеќемесечни превирања и ослабувајќи го лидерството на Европа во критичен момент. Кабинетот на претседателот Серџо Матарела ја објави веста откако двајцата се сретнаа во претседателската палата. Одлуката на Драги да поднесе оставка дојде откако тој не ја доби поддршката од неговите коалициски партнери при гласањето за доверба во парламентот. Сега се очекува да се одржат предвремени избори наесен. Во емотивните сцени во парламентот денеска, Драги изјави пред Долниот дом дека ќе поднесе оставка. Тој беше дочекан со долг аплауз од некои во комората, кои станаа на нозе. „Благодарам“,…
Едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Долни Балван, општина Карбинци. Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „цитроен саксо“, управуван од Г.Т.(67) од с.Тркање, кочанско и автомобил „сеат толедо“ управуван од А.Д.(35) од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки. „На местото на несреќата починал Г.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Д., како и сопатничките од неговото возило С.С.(57), Ј.М.(59) и К.А.(42), сите од Штип. Тие биле пренесени во Клиничката болница Штип за…
Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ. Новооснованите друштва ќе бидат задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга, која ја спроведува Владата. АД ЕСМ ќе влезе во овој проект со свои капацитети, но и со нови капацитети во делот на опремата и човечките ресурси, со цел да обезбеди континуирано и стабилно снабдување…
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска имаше работен состанок со амбасадорите и одбранбените аташеи на земјите членки на НАТО и земјите поканети за членство во Алијансата, Шведска и Финска, со фокус на клучните одлуки од самитот на НАТО во Мадрид. Петровска на средбата нагласи дека донесувањето на новиот Стратешки концепт, засилувањето на заедничката одбрана и одвраќањето, како и силната политичка и практична поддршка за Украина ќе овозможат прилагодување на новата безбедносна реалност на континентот со цел НАТО да продолжи да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји членки. „Заложбата на сите е дека треба одлучно да се брани и одбрани меѓународниот поредок заснован…
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе се состане и ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и предлогот за референдумско изјаснување како и анализа на актуелната политичко економска состојба во државата, потврди денес партискиот претседател Христијан Мицкоски. „Денеска во 19 часот имаме седница на Извршниот комитет, а утре е Централниот комитет и ќе разговараме за актуелните случувања“, рече тој. Мицкоски најави дека највисоките партиски органи денес и утре треба да дадат предлози за типот на референдумското изјаснување, периодот кога треба да се реализира и фокусот на настанот. Тој рече и дека економската состојба во државата е „катастрофална“. „Доаѓа зима, за…
Соединетите Држави планираат да ја зголемат воената помош за земјите од регионот на Црното Море, особено Бугарија, Украина, Романија и Грузија. НАТО е посветен на зголемување на своето присуство во регионот, особено во рамките на четирите нови борбени групи во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка. САД ќе ги поддржат црноморските земји во нивните напори да ја спречат корупцијата, како и да ја зголемат поддршката за иницијативата Три мориња на земјите од Централна и Источна Европа. Ова е предвидено со нацрт-законот за безбедност на регионот на Црното Море, дел од идниот американски Закон за безбедност на Црното Море доставен до Сенатот…
Ноќеска изгоре семејното возило на Васе Никоска, раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Прилеп. Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот. Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска. „Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме“, изјави Никоска. Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено. Ноќ претходно гореа две возила на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески.…
САД проценуваат дека руските загуби во Украина достигнале околу 15.000 загинати и можеби 45.000 ранети, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, додавајќи дека и Украина исто така претрпела значителни загуби. Речиси пет месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседот на Русија, нејзините сили макотрпно го освојуваат регионот Донбас во источна Украина и заземаа околу една петтина од земјата. Барнс, говорејќи на форумот за безбедност во Аспен во Колорадо, рече дека тие придобивки имаат висока цена. „Последните проценки на американската разузнавачка заедница би биле нешто во близина на 15.000 (руски сили) убиени и можеби трипати повеќе повредени. Значи,…
Нема информации дека Владимир Путин е нестабилен или во лоша здравствена состојба, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс. Се погласни се непотврдените медиумски шпекулации дека Путин, кој оваа година наполни 70 години, можеби боледува од лоша болест, најверојатно рак. Но Барнс вели дека нема докази што го сугерираат ова, шегувајќи се дека Путин дури изгледа и „премногу здрав“. „Има многу гласини за здравјето на претседателот Путин и колку што можеме да кажеме, тој е целосно и премногу здрав“, рече Барнс на безбедносниот форум во Аспен во Колорадо. Тој сепак додаде дека ова не е официјална разузнавачка проценка. Барнс, кој беше…
На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица околу 30 до 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ми претставува голема чест што на 5 септември ќе се вратам во мојата сакана Тирана, порача на Фејсбук светската музичка ѕвезда Рита Ора која е родена во Албанија. Како што им објаснува на своите фанови, Рита Ора доаѓа во албанската престолнина на покана на градоначалникот Ерион Велиај, и ќе пее на концертот по повод прогласувањето на Албанија за главен град на европската младина за 2022. Влезот на концертот ќе биде слободен, нагласува пејачката. (Р.Н.)
Денес се очекуваат екстремно високи температури. Прогнозата вели дека времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 32 до 42 степени, а УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат…