Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ се подготвува да ги грее зимоска Скопје и Битола

0
By Соња Крамарска on July 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 21, 2022 13:43

Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ.

Новооснованите друштва ќе бидат задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга, која ја спроведува Владата.

АД ЕСМ ќе влезе во овој проект со свои капацитети, но и со нови капацитети во делот на опремата и човечките ресурси, со цел да обезбеди континуирано и стабилно снабдување на Скопје со топлинска енергија за претстојната грејна сезона. Во овој проект ќе помогне и Владата, со носење на брзи одлуки и поддршка во делот на финансиите.

Исто така, АД ЕСМ е задолжен да формира уште еден ДООЕЛ-Топлификација Битола, кое ќе има обврска да го спроведува реализирањето на договорот во прва фаза кој ЕСМ го има склучено за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Во следните фази ова Друштво ќе се грижи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Битола и другите две општини, проект замислен пред 30 години, а кој сегашниот менаџмент на АД ЕСМ и Владата го спроведуваат.

Топлификација Битола е инвестиција од над 40 милиони евра, од кои дел се средства на ЕСМ, а поголемиот дел се поволна кредитна линија од германската КФВ Банка, и е проект кој ќе донесе големи еколошки и економски придобивки за трите општини кои гравитираат околу РЕК Битола, а тоа се Битола, Новаци и Могила. (Р.Н.)

Битолаа греење ЕСМ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.