Ноќеска изгоре семејното возило на Васе Никоска, раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Прилеп. Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот.

Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска.

„Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме“, изјави Никоска.

Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено.

Ноќ претходно гореа две возила на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески. Претходно изгоре и автомобилот на директорот на ЈКП „Koмуналец“ од Прилеп. (Р.Н.)