Ми претставува голема чест што на 5 септември ќе се вратам во мојата сакана Тирана, порача на Фејсбук светската музичка ѕвезда Рита Ора која е родена во Албанија.

Како што им објаснува на своите фанови, Рита Ора доаѓа во албанската престолнина на покана на градоначалникот Ерион Велиај, и ќе пее на концертот по повод прогласувањето на Албанија за главен град на европската младина за 2022.

Влезот на концертот ќе биде слободен, нагласува пејачката. (Р.Н.)