Author: Соња Крамарска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово издаде соопштение до јавноста во кое вели дека Македонија не почнува преговори со ЕУ. „Македонија не почнува преговори, тоа е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема двотретинско мнозинство и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени“, објави партијата. „Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во…

Read More

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика. Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори. Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември. Лабуристите се залагаа и за гласање за доверба на владата и на Џонсон за да се обидат да го соборат што е можно поскоро, но владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине. Конзервативците наместо…

Read More

Денес е датумот! – Порача на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за надворешни работи Бујар Османи. „19 јули 2022 . Сончево утро денес во Брисел, како најава за историскиот успех за почеток на преговорите. Прва Меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Отворачка изјава на македонски јазик во срцето на ЕУ. Почеток на скрининг процесот“, напиша тој. Заедно со Османи во Брисел покрај премиерот Ковачевски кој ја предводи државната делегација, се и замениците на премиерот Артан Груби и Бојан Маричиќ и министрите Оливер Спасовски, Бисера Костадиновска Стојчевска и Адмирим Алити. (С.К.)

Read More

По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија, објави утрово Владата. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на ЕУ, на која како предводник на македонската делегација ќе говори шефот на Владата Димитар Ковачевски. Веднаш по меѓувладината конференција е планирана и прес-конференција во 11:00 на Ковачевски и владиниот тим. Според агендата денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција, Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама ќе се сретнат со претседателката на Европската Комисија…

Read More

Дипломатски нокаут и капитулација – рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за потпишаниот Протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија од страна на министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска. „Тој протокол, практично, ја отвори врата за преговори за Албанија, а ја подзатвори за Македонија бидејќи, како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот, а дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ бидејќи власта нема две третини во парламентот. Генчовска ни даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние реципрочно ќе одговориме…

Read More

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ. Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Словенија, Милан Предан. Предан нагласи дека сигурно 26-те земји членки кои го признаваат македонскиот јазик, како македонски јазик, не можат да го прифатат ветото поради тоа што една земја членка има резерви за јазикот. „Треба да знаете дека во текот на преговорите…

Read More

Дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот. Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје. Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална. Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска…

Read More

Три лица се смртно застрелани, а две се повредени синоќа во трговски центар во Индијана, САД, откако маж со пушка отвори оган кај полиците за храна а вооружен цивил пукаше во него и го уби, соопшти полицијата. Човекот влегол во трговскиот центар Гринвуд Парк со пушка и неколку пакети со муниција и почнал да пука, изјави началникот на полицијата во Гринвуд, Џим Ајсон. 22-годишник од блискиот округ Бартоломеј, кој легално носел огнено оружје во трговскиот центар, пукал и го уби напаѓачот, рече Ајсон на прес-конференцијата. Четворица од погодените од огнено оружје се жени, а еден е маж. Меѓу двајцата повредени…

Read More

Жена од Западна Вирџинија се разбудила од двегодишна кома откако била брутално нападната и го идентификувала нејзиниот брат како напаѓачот. Ванда Палмер била згрижена во установа за трајна нега во Њу Мартинсвил, Западна Вирџинија, САД, откако била претепана во нејзиниот дом во јуни 2020 година. Кога Палмер била пронајдена, шерифот на Округот Џексон, Рос Мелинџер изјави дека таа била толку дивјачки нападната што надлежните помислиле дека е мртва. Установата за нега ги контактирала властите минатата недела. Даниел Палмер, братот на Ванда, е уапсен откако е идентификуван како напаѓач, објави „Метро њуз“. – Тој не пружаше никаков отпор. Беше малку изненаден,…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во интервјуто за српска „Политика“ изјави дека државнички и одговорно одговори Владата на сите предизвици со кои се соочуваше во текот на дијалогот со Бугарија и Европската Унија и дека  во сите документи, кои беа јавно објавени, вклучувајќи го и Протоколот, успеа да го заштити македонскиот јазик и идентитет. – Нема никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија. Напротив добивме еден европски предлог кој овозможува да ги започнеме преговорите со Унијата веднаш, со заштитен македонски јазик и идентитет, а истовремено имаме и компромисен документ кој ќе ни овозможи,…

Read More

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген објави дека во првата половина од годината продал за петтина возила помалку од истиот период лани, пред се поради намалените испораки во Европа и Кина. Групацијата VW на тој начин испорача вкупно 3,875 милиони возила ширум светот, што е за 22,2 отсто помалку во споредба со истиот период во 2021 година. Гледано по региони, продажбата паднала најмногу во Централна и Источна Европа, за дури 40,9 отсто во споредба со првите шест месеци од 2021 година. Во Западна Европа е намален за 20,7 отсто, а речиси исто процентуално намалување е забележано и на кинескиот пазар, вклучувајќи го…

Read More

За да може ЕСМ максимално да произведува електрична енергија потребно е да се премине кон набавка на јаглен веднаш за да не биде доцна после во текот на зимата и треба државата финансиски да помогне доколку е тоа потребно, предупредија Македонската енергетска асоцијација (МЕА), по седницата на која беше разгледана енергетската состојба во пресрет на претстојната зимска сезона. „Да се обезбеди мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино бидејќи согласно постојните цени на електричната енергија и на мазутот, цената од ТЕЦ Неготино е околу 250 евра по мегават час, наспроти пазарната цена која во моментот е 350 евра, а во претстојниот зимски период се очекуваат и…

Read More