Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продажбата на Фолксваген возила падна за една петтина

0
By Соња Крамарска on July 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2022 10:09

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген објави дека во првата половина од годината продал за петтина возила помалку од истиот период лани, пред се поради намалените испораки во Европа и Кина.

Групацијата VW на тој начин испорача вкупно 3,875 милиони возила ширум светот, што е за 22,2 отсто помалку во споредба со истиот период во 2021 година. Гледано по региони, продажбата паднала најмногу во Централна и Источна Европа, за дури 40,9 отсто во споредба со првите шест месеци од 2021 година. Во Западна Европа е намален за 20,7 отсто, а речиси исто процентуално намалување е забележано и на кинескиот пазар, вклучувајќи го и Хонг Конг, се вели во деловниот извештај на VW.

Испораките на целосно електрични автомобили, од друга страна, се зголемија за 27 отсто, и покрај тесните грла во снабдувањето, привременото прекинување на производството во Европа и исклучувањата во Кина поврзани со Ковид-19. Во периодот од јануари до јуни групата испорача 217.000 електрични автомобили. Во вкупните испораки на ниво на групацијата VW, уделот на целосно електрични возила на тој начин се зголеми на 5,6 отсто, од 3,4 отсто во истиот период од 2021 година. Најголем двигател на растот на продажбата беше Кина, каде беа продадени 63.500 целосно електрични возила, речиси три и пол пати повеќе отколку во првите шест месеци од 2021 година, покажа извештајот на VW.

Во однос на испораките по региони, Европа останува лидер, со 128.800 продадени целосно електрични возила и удел од 59 проценти на ниво на групација. Втор по големина пазар беше Кина, со учество од 29 отсто. Во САД се продадени 17.000 возила, осум отсто од вкупно испорачани ширум светот на ниво на групацијата VW, пренесува деловниот портал SEEbiz. (Р.Н.)

падната продажба Фолксваген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.