Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска ќе пристигне во посета на Македонија. Како што е најавено, Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе оствари средби и со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претседателката на ЕК, за време на посетата на Скопје, денеска ќе се обрати пред Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 80. пленарна седница, со почеток во 13 часот. На седницата се поканети претставници на дипломатскиот кор, кои ќе можат да го следат обраќањето на претседателката на ЕК од галеријата…
Утре во 13 часот во македонскиот парламент свое обраќање ќе има една од најмоќните политички фигури во Германија и во Европа, Урсула фон дер Лајен. Како член на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), партијата која една и пол деценија владееше со земјата под раководната палка на Ангела Меркел, Фон дер Лајен е и партиска колешка на ВМРО-ДПМНЕ – македонската десница која практично растеше под идеолошко менторство на ЦДУ. Еден од најголемите противници на содржината на преговарачката рамка која утре треба да се разгледува во парламентот, и да се даде зелено светло за нејзина примена, е и Антонио Милошоски, чија политичка…
„Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал“, велат од пратеничката група на СДСМ. Координаторот Јован Митрески додава дека меѓу пратеничката група владее увереност дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што, вели тој, заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на македонскиот јазик и безусловно почитување на идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ. Нервозата…
Најновите податоци и очекувања на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, соопшти денес Народна Банка на Македонија, по редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. „За првпат по извесно време очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу. Воедно, и кај цените на нафтата и кај цените на храната се очекува стабилизирање во втората половина на 2022 година, а потоа и нивно намалување. Сепак, неизвесноста од идните движења на цените на енергијата и храната е нагласена поради воените случувања во Украина“, велат од Народна Банка. На седницата на Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната…
На 12.07.2022 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(35) од Скопје, удрило во пешакот Н.С.(75) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 12.50 часот им подлегнал на повредите. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
„Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен“, коментира денес Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека досега многу видни лидери од Европа имале обраќање во македонскиот парламент, но без корист. „Во Република Македонија досега се обратиле Хавиер Солана, Романо Проди, еврокомесарот Оли Рен. Сите имале одлични обраќања. Во Македонија сме имале такви одлични обраќања, од кои сме немале никаква придобивка. Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка…
Во ЈЗУ Општа болница Велес вчера бил донесен маж на 60-годишна возраст без знаци на живот, кој бил искасан од оси на работното место во населба Рачани. Реанимацијата била безуспешна, а настанот се случил околу 11 часот. Уште кога пристигнала екипата на итната медицинска помош, човекот бил во кома. Истовремено, и 30-годишен маж од Велес бил искасан од оси, но по укажаната лекарска помош неговата состојба била добра и бил испратен на домашно лекување. Освен настанот во Велес, вчера и во Неготино крај градската депонија Дуброво беше пронајден мртов маж на возраст од околу 30 години. Неговото безживотно тело, без знаци на…
Бугарскиот парламент денеска ги ратификуваше протоколите на Северноатлантскиот договор за пристапување на Шведска и Финска. „За“ нивно усвојување гласаа 195 пратеници, а против беа 11 од „Возобновување“. Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации за членство во НАТО во седиштето на Алијансата на 18 мај. На самитот на НАТО во Мадрид на 28-30 јуни 2022 година, сојузниците одлучија да ги поканат Финска и Шведска да станат членки на Алијансата и се согласија да ги потпишат протоколите за нивно пристапување кон Северноатлантскиот договор. Тие сега мора да бидат ратификувани од парламентите на земјите-членки. (Р.Н.)
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5.000 квадратни метри, кој пред десетина дена го најавија градоначалничката Данела Арсовска и директорот на претпријатието, Ангеле Сотировски. Во паркот што се протега од улицата „Јужноморавски бригади“ до каналот, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ веќе го расчистија и порамнија теренот, а беше нанесена и квалитетна почва. Во тек е поставувањето на водоводната инсталација, која опфаќа нови хидранти, поп-ап прскалки со метална заштита и систем за наводнување „капка по капка“ со должина од 400 метри. Откако екипите…
Импровизиран експлозивен механизам, веројатно е причината за пожарот во зградата на групацијата „Real“ во северниот дел на Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, пожарот избувнал околу три часот утрово на третиот кат од зградата, а една вработена била спасена од пожарникарите и со проблеми со дишењето, превентивно била пренесена во болница. Противпожарната служба интервенирала со 18 пожарникари и шест возила, а два часа подоцна пожарот бил изгасен. Сопственикот и новинар Никос Хаѕиниколау на неговиот Твитер профил напиша дека пожарот бил подметнат и се…
Твитер поднесе тужба против милијардерот Илон Маск, откако тој се откажа од купување на оваа социјална мрежа. Маск се откажа од купување на Твитер по цена од 44 милијарди долари поради наводни „лажни и залажувачки“ наводи за состојбите и финансиското работење на онлајн платформата. Маск го обвинува Твитер особено за погрешни податоци околу бројот на спем и лажни профили на платформата. Има значително повеќе лажни профили од она што Твитер постојано го наведува дека се помалку од 5 отсто, објасни Маск. Неговите адвокати тврдат дека Твитер не ја исполнил својата обврска од договорот да му достави на Маск пристап до…
„Најтрагично е што стануваме имуни на туѓото страдање и на туѓата болка, а сочувството и солидарноста исчезнуваат од нашите животи како реликти на некое минато време. Од уметност на живеење денес дојдовме до уметност на преживување“, рече претседателот Стево Пендаровски на синоќешното отворање на 62. издание на „Охридско лето“. Прашање е, рече тој, како воопшто човековата цивилизација се најде во ваква безизлезност и покрај сите мрачни историски лекции и преживеани катастрофи. „Меѓутоа, далеку поважно е прашањето и одговорот на него: Што е она што повторно може да го хармонизира и облагороди животот, да го врати значењето на етиката, да ја…