Author: Соња Крамарска

Во своето денешно гостување во дебатниот магазин „Click21“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оценувајќи ја ситуацијата околу актуелните протести и придружните инциденти рече дека вкупно 54 полицајци биле повредени во текот на протестите. „Имаше 47 повредени полицајци и тоа во еден ден, инаку вкупната бројка е 54 за сите денови во кои што протестираа граѓаните“, вели Спасовски. Тој апелираше на мирни демократски протести. Според министерот, крената рака на полицаец е крената рака на државата. (Р.Н.)

Read More

„Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат“, вели 30-годишниот Иван во своето сведоштво за грчки newsit.gr. „Но, тука е и психолошкиот фактор во целата оваа авантура, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога бев во вода и се обидував да му помогнам на мојот…

Read More

Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница, соопшти Министерството за надворешни работи во врска со драмата со тројцата македонски туристи на Халкидики во Грција. МНР потврди дека македонските дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро се известени дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по третиот наш државјанин што исчезна во водите на Егејското море во местото Посиди, Грција. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц, се обрати со порака до јавноста во Македонија во која вели: „Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство. Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата. Јас ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација. И повеќе од тоа: ги споделувам со Вас! Јас Ве разбирам кога ќе кажете:…

Read More

И денеска продолжува спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели, јави дописничката на МИА од Атина. Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во Посиди, не донесе резулата во обидите да се пронајде 28-годишниот маж. Од грчката крајбрежна служба, доцна синоќа соопштија дека потрагата „ќе продолжи со разденувањето“, а за било каква разврска ќе информираат со ново соопштение. Во однос на пронаоѓањето на 30-годишниот Иван, од крајбрежната…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец. Температурите…

Read More

На денешната редовна понеделничка координација во Собранието треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европска Унија. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека денес ќе се знае кога ќе биде закажана седницата на чиј дневен ред би бил модифицираниот француски предлог. На координацијата што ќе се одржи во текот на денов, се очекува да присуствува и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. „Во понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се…

Read More

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз упати отворено писмо до јавноста во Македонија. Писмото го пренесуваме во интегрална форма: „Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина. На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите…

Read More

Шинзо Абе беше политички аристократ долго време подготвуван за власт. Премиер со најдолг стаж, тој беше можеби и најполаризирачкиот, најкомплексниот политичар во поновата јапонска историја. Абе, кој беше убиен денеска, ги налути и либералите дома и жртвите од Втората светска војна во Азија со неговиот огромен притисок за обновување на војската и неговиот ревизионистички став дека Јапонија доби неправедна пресуда од историјата за нејзиното брутално минато. Во исто време, тој ја ревитализираше јапонската економија, ги предводеше напорите нацијата да преземе посилна улога во Азија и служеше како редок светилник на политичката стабилност пред да се повлече пред две години од…

Read More

Краткометражниот филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска вечерва ја има својата македонска премиера во рамки на 21-от Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс. Под отворено небо во Македонскиот културен центар во парк во 21 часот во 30- минутниот филм публиката може да погледне уште едно остварување на Котевска по оскаровскиот успех на „Медената земја“. Токму во пресрет на овој настан, со Тамара разговаравме за тоа како е да се снима филм во време на пандемиска изолација и дали тоа ги ограничи можностите за нејзиниот режисерски израз. НоваТВ: Тамара, по Оскарите, ни се случи Ковид пандемијата, која кај тебе резултураше…

Read More

Протестното марширање со кое во изминатата недела беше изразено несогласување со модифицираниот француски предлог од денеска продолжи со блокади на четири локации низ Македонија од 13 до 14 часот. На блокадата на улиците околу Владата, беше присутен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со сопартиецот Александар Николовски, како и лидери на помали опозициски партии. Изјава даде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој побара Владата да го отфрли францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ и да не бара став од Собранието. „Ќе дејствуваме согласно стратегија која што ќе ја усвоиме. Ние уште еднаш ја повикуваме Владата да…

Read More

Тројца државјани на Република Македонија, од кои двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јавува дописничка на МИА, од Атина. Од грчката полиција соопштиле дека по темелната полициска истрага било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале дрога на Миконос“. Запленети биле 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис. Уапсените биле организирани во криминална група со конкретни улоги, а дополнително било уапсено уште едно лице – либански државјанин, во обид да се…

Read More