Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоштво на Иван кој пливаше 20 часа за да се спаси: „Топката за малку ќе  издишеше“

0
By Соња Крамарска on July 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
30-годишниот Иван вчера беше пронајден жив и здрав. Фото кредит: keeptalkinggreece.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 11, 2022 10:24

„Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат“, вели 30-годишниот Иван во своето сведоштво за грчки newsit.gr.

„Но, тука е и психолошкиот фактор во целата оваа авантура, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога бев во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири“, раскажува Иван.

„И ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 – 20,5 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена, за малку ќе издишеше, и едвај се држев за неа со рака и останав на површината“, вели тој.

„Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам“, заклучува 30-годишниот Иван за newsit.gr.

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишникот пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот, пишува грчкиот медиум.

Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето, нема преседан. 30-годишниот Иван, кој се нурна за да ги спаси своите двајца пријатели, струите го однеле и се упатил кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, тоа беше спас за него, бидејќи можеше да го задржи на површината и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки.

Авантурата на тројцата млади момчиња од Северна Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајцата беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третото лице.

Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство, кое беше во областа да учествува во истрагата, и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот.

По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите овие часови во морето:

Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од локалното население и Грчкиот спасувачки тим. (Р.Н.)

драма кај Халкидики Иван раскажува
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.