Author: Соња Крамарска

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот. Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава го посети Центарот за обука при МВР во Идризово каде што оваа недела е почнат процесот на селекција на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас од 6 јуни. „На јавниот оглас се пријавија вкупно 1867 кандидати од кои 1482 се мажи, 385 се жени – факт што доволно говори за позитивниот имиџ на нашето Министерство и меѓу младите“, рече Спасовски. Министерот појасни дека концептот за обука на идните полицајци се состои од три образовни модули во траење од по четири месеци. Кандидатите ќе бидат избрани преку рангирање со што…

Read More

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3  во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени. Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви и задале повеќе убоди на…

Read More

Цуфи Кока е лицето кое пукало кон демонстрантите кај плоштадот Скендербег – е веста со која синоќа заврши уште една политичка епизода среде петтата рунда опозициски протести кои водечката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува „граѓански протести против насилна асимилација и бугаризација на македонскиот народ“. Цуфи Кока е активист на партијата Алијанса на Албанците и мала проверка на неговиот Фејсбук профил покажа дека тој еднакво ги слави и Зијадин Села и Арбен Таравари – неформални коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, со што се сруши целата теорија на Христијан Мицкоски дека власта се обидела да го убие. „Вечерва се случи тежок инцидент кој…

Read More

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена. „Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, се цититра во…

Read More

„Ја поздравувам денешната одлука на Европската комисија за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Овие средства се исклучително неопходни за нашата земја да го постигне просечниот европски животен стандард“. Ова го истакна вицепремиерот за европски фондови и министер за финансии во оставка Асен Василев по повод Договорот за партнерство што денеска го усвои Европската комисија, со кој се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија. Министерот Василев истакна дека за прв пат во договорот 50 отсто од средствата се за проекти во Северна Бугарија. За споредба, во претходниот програмски период (2014-2020) само 27 отсто од средствата беа инвестирани…

Read More

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон е на тешки маки откако од вчера еруптираше скандалот кој предизвика двајцата негови министри Савид Џавид за здравство и Риши Сунак за финансии да дадат оставки, а по нивните стапки денеска тргнаа уште двајца други министри. Министрите рекоа дека „повеќе не можат да ја толерираат културата на скандали“. Првите двајца министри поднесоа оставка по неколкудневните објаснувања од канцеларијата на Џонсон во Даунинг стрит за секс скандал во кој е вклучен негов близок сојузник. Се работи за Крис Пинчер кој ја имаше улогата на главен камшик во партијата, а Џонсон не обзирајќи се на предупредувањата…

Read More

Уште двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставки на министерот за финансии и за здравство. Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка“, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата. (МИА)

Read More

Полицијата во Гостивар открила 30 лица кои се превезувале со јавен превоз и немале заштитна маска, како мерка за спречување на ширење на Ковид -19. Тие ќе се соочат со парична глоба од 20 евра во денарска противвредност. Од СВР Тетово информираат дека вчера од 12:00 до 15:00 часот на поширокото гостиварско подрачје е спроведена акциска контрола во рамките на активностите за спречување на ширењето на Ковид-19. Притоа се контролирало дали и колку се почитува законската обврска за задолжително носење на заштитни маски во возилата од јавниот превоз, автобуси и такси комбиња. „При контролата се откриени и законски санкционирани 30…

Read More

Бугарија го блокираше трансферот на средства во износ од 890.000 долари за руската амбасада во Софија, соопшти вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев објасни дека не е извршена заплена на средствата, туку само се блокира трансферот на 890.000 долари на нивната сметка. „Парите се стопирани поради европските санкции“, рече Василев. Русите тврдат дека сумата е наменета за плати на вработените во руската амбасада во Софија. Поради оваа причина, бугарската Влада побара од Европската комисија одобрение дали оваа трансакција може да се отстрани од санкциите. Василев уште кажа дека доколку се…

Read More

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни,…

Read More

Со вклучувањето на опозицијата во целиот процес на разгледување на европскиот предлог во Собранието се надевам, ќе изнајдеме најдобро можно решение, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека тоа на крајот ќе треба да биде усвоено после дебатата во Собранието. Тој посочи дека ова е предлог на ЕУ, на Советот на ЕУ, консензуално донесен од сите 27 членки, претставен од француското претседателство и доставен до Република Северна Македонија. „Не е најдоброто решение, но подобро нема да добиеме никогаш. И затоа сметам дека политичките елити во земјата, цивилното општество, медиумите и…

Read More