Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асен Василев: Со 11-те милијарди евра од ЕУ, Бугарија може да го достигне просечниот европски животен стандард

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Фото: bia-bg.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2022 15:43

„Ја поздравувам денешната одлука на Европската комисија за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Овие средства се исклучително неопходни за нашата земја да го постигне просечниот европски животен стандард“.

Ова го истакна вицепремиерот за европски фондови и министер за финансии во оставка Асен Василев по повод Договорот за партнерство што денеска го усвои Европската комисија, со кој се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија.

Министерот Василев истакна дека за прв пат во договорот 50 отсто од средствата се за проекти во Северна Бугарија. За споредба, во претходниот програмски период (2014-2020) само 27 отсто од средствата беа инвестирани во северните региони на земјата, потсетува БТА.

Фондовите за кохезиона политика имаат за цел да ја промовираат економската, социјалната и територијалната кохезија во бугарските региони и се насочени кон поддршка на најранливите од нив. Средствата ќе и помогнат на Бугарија да ја подобри својата основна инфраструктура, особено во регионите каде што инвестициите во инфраструктурата се недоволни или отсутни. Речиси половина од вкупното финансирање, во износ од 4,2 милијарди евра, ќе се инвестира во северозападниот, североцентралниот и североисточниот регион, вклучително и во форма на кофинансирање за изградба на тунелот Шипка – првиот тунел што ќе минува низ Стара Планина.

Договорот за партнерство ги опфаќа Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд плус, кохезиониот фонд, фондот за праведна транзиција и Европскиот фонд за поморство, рибарство и аквакултура. (Р.Н.)

11 милијради евра од ЕК Асен Василев Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.