Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се распаѓа владата на Борис Џонсон – досега четворица министри дадоа оставки

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2022 15:30

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон е на тешки маки откако од вчера еруптираше скандалот кој предизвика двајцата негови министри Савид Џавид за здравство и Риши Сунак за финансии да дадат оставки, а по нивните стапки денеска тргнаа уште двајца други министри. Министрите рекоа дека „повеќе не можат да ја толерираат културата на скандали“.

Првите двајца министри поднесоа оставка по неколкудневните објаснувања од канцеларијата на Џонсон во Даунинг стрит за секс скандал во кој е вклучен негов близок сојузник. Се работи за Крис Пинчер кој ја имаше улогата на главен камшик во партијата, а Џонсон не обзирајќи се на предупредувањата го унапреди. Пинчер беше обвинет дека пијан допирал двајца мажи, а Џонсон тоа иако го знаел го донел во владата.

Лидерот на лабуристите, Кир Стармер рече дека е „јасно дека оваа влада сега се распаѓа“. Лидерот на опозицијата оцени дека секој што останува министер во владата на Џонсон исто така ќе биде извалкан со скандалот.

Џонсон потврди дека прашањето за сексуално недолично однесување било покренато кога Пинчер бил помлад соработник во Министерството за надворешни работи и дека бил информиран за наводите. „Работата беше решена. Апсолутно е точно дека беше покрената со мене. Многу жалам што тој (Пинчер) продолжи да ја извршува функцијата и тоа го кажав и претходно“.

Говорејќи во Домот на Парламентот набргу потоа, поранешниот министер Џавид – кој веќе еднаш поднесе оставка пред Џонсон како премиер – рече дека се чувствува принуден да поднесе оставка, и покрај тоа што е „тимски играч“.

„Одењето по линијата помеѓу лојалноста и интегритетот стана невозможно во последниве месеци. Никогаш нема да ризикувам да го изгубам мојот интегритет. Исто така верувам дека тимот е добар ако капитенот на тимот е добар како неговиот тим. Значи, лојалноста мора да оди во двата правци. Настаните во последните месеци  отежнуваат да се биде во тој тим“, рече Џавид.

Двајцата министри поднесоа оставки неколку минути откако Џонсон се појави на телевизија за да се извини што го назначил Пинчер и покрај тоа што знаел за обвинувањата против него.

Сепак, кабинетот на премиерот најпрвин соопшти дека не знае за какви било поплаки против Пинчер, но подоцна ова го промени во „конкретни жалби“. Даунинг стрит тогаш рече дека не знаел за „сериозни конкретни наводи“ и дека не знаел дека обвиненијата биле потврдени.

Ова тврдење беше побиено од главниот државен службеник во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство од 2015 до 2020 година, кој рече дека жалбите против Пинчер биле прифатени. Тој притоа рече дека канцеларијата на премиерот Џонсон лажела дека не знаела за тоа.

Уште двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставки на министерот за финансии и за здравство.

Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка“, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата

Во меѓувреме, пратениците на Конзервативната партија Крис Скидмор и Том Хант поднесоа барање за гласање доверба на премиерот, интензивирајќи ги повиците за негова оставка. (Дојче Веле)

Борис Џонсон оставки на министри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.