Author: Соња Крамарска

Британската армија соопшти дека води истрага откако биле хакирани нејзините профили на Твитер и ЈуТјуб. Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб, додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си. Војската го потврди „упадот“, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени. -Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата. Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа…

Read More

Впечаток од вчерашната претседателска тирада е дека шефот на државата Стево Пендаровски го изедначи резултатот со брзиот на тастатура Димитар Апасиев. Но после оваа рафална средба останавме со горчливо сознание дека претседателот на државата всушност изгуби од Апасиев. А изгуби затоа што се спушти на негово ниво, дозволувајќи за момент и самиот тој да стане Апасиев, користејќи вулгарни зборови, и манифестирајќи една вербална непристојност која најмалку прилега на претседател на држава. Шокот од настапот на претседателот е толку голем што јавноста реши да го игнорира. Не затоа што му прости на Пендаровски или ја прифати неговата вербална агресија туку затоа…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде свој осврт за победата синоќа во осминафиналето на Вимблдон над Холанѓанецот Тим ​​ван Рајтховен (6:2, 4:6, 6:1, 6:2). „Никогаш не сум го сретнал и тој е некако ново лице на турнирите. Знаев дека нема да биде лесно со тој сервис, голем талент, одличен шут, моќен форхенд, тој може да донесе многу проблеми. Ми требаше малку време да се навикнам на неговото темпо, изјави Ѓоковиќ“, за Ројтерс. Во четвртфиналето Србинот ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер. Ѓоковиќ по 13-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Третиот светски рекет ја забележа 25-та победа…

Read More

Патнички автобус излета од пат и падна во длабока клисура во северна Индија, при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои и деца. Според локалните власти со автобусот се превезувале околу 20 патници. Спасувачките екипи ги извлекле повредените и ги транспортирале до болница. Се уште не е позната причината за несреќата. Во Индија се чести смртоносните сообраќајни несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во Индија во сообраќајни несреќи. (МИА)

Read More

Полицијата соопшти дека жртвите на вчерашното пукање во шопинг молот во Копенхаген се двајца дански 17-годишници и 47-годишен руски државјанин. Двајца Данци и двајца Швеѓани, пак, се во критична состојба во болница. 22-годишен маж, опишан како „етнички Данец“, беше уапсен неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд. Тој имал проблеми со менталното здравје и нема индикации за терористички мотив, рече началникот на полицијата Сорен Томасен. Премиерката Мете Фредериксен рече дека Данска претрпе суров напад. Таа рече дека сака да ги охрабри Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време. „Нашиот убав и обично толку безбеден…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите од УХМР најавуваат нестабилност за попладне која ќе биде проследена со поројни дождови, грмежи, и силен ветер. Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. И во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени. Топлото време на територија на државата ќе се задржи до четврток, а попладневните…

Read More

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за  ” преговорите  со ЕУ и неотворањето на преговорите  за Албанија  и Северна Македонија”. И овој пат, тој со  неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла „Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде.…

Read More

Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва порача дека најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот идентитет  се осигурани и гарантирани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ, и дека ако сме  искрено за членство во ЕУ, сега е мегданот. „Тоа е прво и апсолутно најважно“, вели тој во врска со францускиот предлог кој ја подели јавноста.  „Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес по објавувањето на новиот француски предлог го оцени како „ултиматум за иднината на нашата Македонија“, и одраз на мегаломанските барања и историски аспирации кон Македонија, и повика на протести утре во 19 часот пред Владата. „За таков предлог одговорот е ‘не – благодарам“, рече Мицкоски. „Предлогот кој е на маса всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот. Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на…

Read More

Со изменетиот француски предлог, Протоколите во преговарачката рамка се заменуваат со „годишни прегледи“. Со тој предлог, Северна Македонија повторно добива две меѓувладини конференции за почеток на пристапните преговори со ЕУ и мали промени во формулациите во однос на првичната верзија. Протоколите од меѓувладините средби повеќе не се споменуваат во Преговарачката рамка, а заменети се со „годишни прегледи“. За јазикот, останува формулацијата „македонски“ со можност Бугарија да реагира со унилатерална декларација. Согласно таквиот пристап, француското претседателство предлага и две предлог-изјави со кои ќе се означи стартот на преговорите. Првата Изјава се однесува само на првата Меѓувладина конференција, додека втората во неа ја содржи…

Read More

 Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители со над 62 или 64 години возраст, од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот…

Read More

Руја Игнатова, позната и како „исчезнатата криптокралица“, е ставена на листата на 10 најбарани на ФБИ. Бугарката, за која се верува дека има 40-ти години, се бара поради нејзината наводна улога во водење на измама со криптовалути позната како OneCoin. Федералните истражители ја обвинуваат дека ја направила измами над жртви, во вредност од повеќе од 4 милијарди долари. Таа се води како исчезната од 2017 година кога американските власти потпишаа налог за апсење и истражителите почнаа да се приближуваат кон неа. Во 2014 година, OneCoin, самонаречена криптовалута, почна да им нуди на купувачите провизија доколку ја продадат валутата на повеќе луѓе. Но, агентите…

Read More