Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски изгуби од Апасиев

0
By Соња Крамарска on July 4, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 4, 2022 10:07

Впечаток од вчерашната претседателска тирада е дека шефот на државата Стево Пендаровски го изедначи резултатот со брзиот на тастатура Димитар Апасиев. Но после оваа рафална средба останавме со горчливо сознание дека претседателот на државата всушност изгуби од Апасиев. А изгуби затоа што се спушти на негово ниво, дозволувајќи за момент и самиот тој да стане Апасиев, користејќи вулгарни зборови, и манифестирајќи една вербална непристојност која најмалку прилега на претседател на држава.

Шокот од настапот на претседателот е толку голем што јавноста реши да го игнорира. Не затоа што му прости на Пендаровски или ја прифати неговата вербална агресија туку затоа што остана без зборови од неговиот настап.

Еден претседател на држава навистина треба да внимава што говори, не само кога се наоѓа на прес-конференција како вчера, туку и во неговата канцеларија, на улица па дури и дома. Сите се сеќаваме колку запрепастувачки звучеа репликите од „бомбите“ што ги пушташе Заев и колку бевме непријатно изненадени од нивото на комуникација меѓу поранешната власт.

Сега такво отсуство на стил и естетика во говорот ни се случи на прес-конференција од страна на носителот на највисоката функција во државата. На највисоката. Не се памети друг политичар така да изгубил контрола во јавен настап. Па дури и пратениците во жарот на најголема вербална војна во парламентот, не отидоа толку далеку, да се навредуваат со таков непристоен речник.

Воздржаноста треба да биде една од главните одлики на носителите на јавни функции бидејќи тие поради честите настапи во јавност создаваат и одржуваат и стандарди во комуникацијата и во односот кон други луѓе макар биле и непријатели. Особено кон непријатели, затоа што токму таму работат емоциите и токму таму треба да се покаже трпеливост, мудрост и пристојност.

Пендаровски тоа треба да го знае. И треба да биде подготвен да издржи секаков вид притисок, макар и пцуење. Во најмала рака и тој можел лично да го побара Апасиев и да му каже што мисли за него, наместо за тоа да го користи микрофонот на јавноста. Не заради јавноста, која веќе оглуве на вербална агресија за што доказ е игнорирањето на скандалозниот настап на претседателот, туку заради себе и заради државната позиција која ја претставува.

Соња Крамарска

Димитар Апасиев Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.