Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва анализа на новиот француски предлог: Протоколите се заменети со годишни прегледи на имплементацијата

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 16:02

Со изменетиот француски предлог, Протоколите во преговарачката рамка се заменуваат со „годишни прегледи“. Со тој предлог, Северна Македонија повторно добива две меѓувладини конференции за почеток на пристапните преговори со ЕУ и мали промени во формулациите во однос на првичната верзија. Протоколите од меѓувладините средби повеќе не се споменуваат во Преговарачката рамка, а заменети се со „годишни прегледи“. За јазикот, останува формулацијата „македонски“ со можност Бугарија да реагира со унилатерална декларација.

Согласно таквиот пристап, француското претседателство предлага и две предлог-изјави со кои ќе се означи стартот на преговорите. Првата Изјава се однесува само на првата Меѓувладина конференција, додека втората во неа ја содржи и Преговарачката рамка.

Слично како и во првиот француски предлог, и овојпат првата Меѓувладина конференција е опишана како „политичка“, и притоа во првата точка од Изјавата се посакува добредојде за „почеток на фазата на отворање на пристапните преговори“.  Со други зборови, Северна Македонија со таа прва Меѓувладина конференција „почнува да ги отвора“ пристапните преговори.

Формалниот почеток на преговорите ќе започне со втората Меѓувладина конференција, а услов за тоа, како и во претходниот предлог, е промена на Уставот за внесување на Бугарите во него. Оттука, во точката 11 од првата Изјава се наведува дека Преговарачката рамка ќе и биде претставена на Северна Македонија на следната Меѓувладина конференција, тогаш кога „Северна Македонија ќе си ја изврши обврската и ќе изврши уставни измени“.

Во Изјавата за оваа прва Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(…) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“.

Потоа следува вториот документ, во кој се содржани Изјавата за почеток на втората меѓувладина конференција и самата Преговарачка рамка.

Во неа, првата измена е во официјалната Изјава на ЕУ за пристапните преговори .

Во верзијата на сегашниот документ се наведува следното:

„По првата политичка меѓувладина конференција одржана на (датум) од име на ЕУ им посакувам добредојде (…) да ја почнат фазата на отворање на пристапните преговори…“

Мала измена има и во делот на преводот на ЕУ законодавството на македонски јазик и сега гласи:„ЕУ ги земала предвид двете унилатерални декларации за македонскиот јазик“, а не како претходно: „ЕУ ги зема предвид намерите на двете земји да поднесат унилатерални декларации за македонскиот јазик“.

Следната измена е направена во самиот предлог на Преговарачката рамка, кој беше најспорен за македонската страна.
Во точката 5 од Преговарачката рамка се наведуваат барањата по кои ќе биде оценуван напредокот во преговорите на Северна Македонија.
И во претходната, како и во сегашната верзија овде се наведени договори потпишани со ЕУ, Преспанскиот договор, како и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Во првичната верзија веднаш по Договорот со Бугарија како услов беше наведена и „имплементацијата на Протоколите“ од меѓувладините состаноци.

Во новата верзија Протоколите не се споменуваат, а на нивно место се наведуваат „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. (Р.Н.)

измени нов француски предлог Разлики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.