Author: Соња Крамарска

Бугарската агенција БГНЕС која често ги отсликува ставовите на официјална Софија во спорот со Македонија, објави дека во документот предложен од францускиот претседател Макрон се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година. „Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Северна…

Read More

Национален Собир на Марин Ле Пен го сруши рекордот на парламентарните избори во Франција вчера – освојувајќи 89 места што и дава на партијата невидена моќ во претстојното француско Собрание. Со 89 пратеници, Ле Пен не само што политички воскресна по поразот од Макрон на претседателските избори туку и нејзината екстремно десничарска партија ќе стане парламентарна група за првпат по 1986 година. „Народот избра да испрати многу моќна група пратеници од Националниот Собир во Собранието, убедливо најголем број во нашата политичка историја“, им рече синоќа радосната Ле Пен на поддржувачите и гласачите. Таа денес објави дека нема да го преземе…

Read More

Ерол Ризаов, новинарски ветеран и одличен познавач на внатрешната и надворешната политика, водечки авторитет во македонскиот журнализам, е дел од галеријата влијателни личности кои за НоваТВ го изнесоа својот став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце како што заговараат некои од високите политички кругови во Скопје. Како мевлем на рана е податливо и прифатливо во македонската јавност преговорите со Бугарија веднаш да се прекинат. Тоа е многу и политички и партиски конјуктурно и носи големи поени. На граѓаните на Македонија им се…

Read More

Поранешниот амбасадор во ЕУ, Андреј Лепавцов, е дел од патешествието на нашата земја кон европското семејство и одлично ја познава разликата меѓу тоа да се биде член на ЕУ или да не се биде, како и досегашниот процес. Лепавцов за НоваТВ го изнесе својот став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да ги прекине како што заговараат високи политички кругови во Скопје. Проширувањето на Западниот Балкан како тема се врати на масата во ЕУ по завршувањето на мигрантската криза (иако со војната во Украина геополитичкиот…

Read More

Универзитетскиот професор и бард на македонската дипломатија Денко Малески, е еден од неколку соговорници на НоваТВ, од кои во пресрет на јунскиот состанок на Европскиот совет побаравме став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија, или да дигне раце од нив како што заговараат високи политички кругови во Скопје. Во врвот на државата има само тешки прашања за решавање. Лесни нема. Политичар кој ќе рече дека му е доста од тешки прашања, не ја разбрал својата улога. По овој повод, без лажна скромност, сакам да укажам како…

Read More

Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Во Нацрт – заклучокот познат и како планот на Макрон, се предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи на 23 јуни, а втората по влегувањето на бугарската етничка заедница во Преамбулата на Уставот на Северна Македонија. Притоа е оставен простор во кој треба да се спомене билатералниот протокол или договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија кој треба да стане составен дел на документот, и кој засега е непознат. Како што…

Read More

Организаторот на Евровизија денеска најави дека ќе започне разговори со Би-Би-Си за можното одржување на настанот следната година во Велика Британија, откако заклучиле дека не може да се одржи во Украина. Настанот традиционално го организира победникот на претходно одржаниот натпревар. Минатиот месец украинскиот бенд Калушки победи на натпреварот, оставајќи ја Британија на второто место, благодарение на големиот број гласови од гледачите. Украинскиот јавен радиодифузер претходно го организираше настанот двапати во 2005 и 2017 година. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека спровела „целосна проценка и физибилити студија“ за можноста тоа да се повтори. Во соопштението се наведува дека натпреварот е една…

Read More

Најавите се дека сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, секако тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа е можно усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ-Радман. Шефот на хрватската дипломатија оценува дека сите услови се подготвени да се почне и оти очекуваат и подготвеност од Бугарија за да се најде заедничко решение. „Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно. Мислам дека е…

Read More

Политичкиот аналитичар Сефер Селими е првиот од неколку соговорници на НоваТВ, од кои во пресрет на јунскиот состанок на Европскиот совет побаравме став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце од нив како што заговараат високи политички кругови во Скопје. Сега кога можното компромисно решение со Бугарија за јунскиот самит на Европскиот совет е на маргините на чудо, дилемите како да се продолжи понатаму и дали дијалогот има смисла за да се најде решение се сосема легитимни. Парадоксално е што држава која тврди…

Read More

На Преспа форумот во Охрид е полно со високи гости од цела Европа, претседатели, премиери, министри. Многу луѓе но малку одговори на прашањето дали Албанија и Македонија ќе го добијат долгоочекуваниот старт за преговори. Денеска е клучен ден велат сите кои ги прашавме што се случува. Имено во текот на денот се очекува француската дипломатија и официјално да го испрати предлог текстот за преговарачката рамка за Македонија до сите земји членки. Во текстот за кој дипломатите знаат само некои генерални точки велат дека најсензитивните прашања како историјата и јазикот не се вклучени. Сепак како што вели еден висок дипломат за…

Read More

Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“. Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со ПКК. На 8 јуни во Дијабекир, југоисточна Турција беа приведени четворица новинари под обвинение дека работеле за ПКК. Претставникот на Репортери без граници (РСФ) Ерол Ондероглу ги осуди апсењата како обид за ослабување на „курдската политичка класа и одземање на…

Read More

„Кога ќе имаме сигнал од француското претседателство дека има координиран предлог, ќе го кажеме нашиот став. Ние го следиме патот кој го трасира француското претседателство, и ако тоа процени дека треба да се направат наредни чекори за да се фати возот во јуни, ние ќе бидеме дел од тој процес. Очекуваме да видиме предлог кој ќе биде унифициран од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, за ние да истапиме со став. Француското претседателство ја има големата слика и треба да го преземе кормилото и да кажат дали сцената во Бугарија е поволна за да се оди на нареден…

Read More