Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон и избега на Ле Пен на претседателските избори но таа му се врати посилна во парламентот

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: politico.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 16:51

Национален Собир на Марин Ле Пен го сруши рекордот на парламентарните избори во Франција вчера – освојувајќи 89 места што и дава на партијата невидена моќ во претстојното француско Собрание.

Со 89 пратеници, Ле Пен не само што политички воскресна по поразот од Макрон на претседателските избори туку и нејзината екстремно десничарска партија ќе стане парламентарна група за првпат по 1986 година.

„Народот избра да испрати многу моќна група пратеници од Националниот Собир во Собранието, убедливо најголем број во нашата политичка историја“, им рече синоќа радосната Ле Пен на поддржувачите и гласачите. Таа денес објави дека нема да го преземе кормилото на самата партија, со цел да остане фокусирана на нејзината улога како иден претседател на пратеничката група, каде што ќе седи како една од главните сили во опозицијата.

Екстремно десничарската партија на Ле Пен имаше само осум пратеници во последниот состав на францускиот долен дом бидејќи не го достигна прагот од 15 места што треба да го достигнат политичките партии за да формираат парламентарна група. Пратениците кои не се во пратеничка група добиваат помалку време за говор и помалку средства за своите активности. Сега како бројна пратеничка група, партијата на Ле Пен ќе добие и канцелариски простор и сали за состаноци.

Со 89 места, партијата на Ле Пен Национален Собир ќе може да покрене и гласање на доверба што може да се покаже ризично за владата на премиерката Елизабет Борн. Со освоените 89 места, екстремно десничарската партија го надминува и прагот од 60 пратеници потребни за барање до Уставниот суд за оценка на закони.

Партијата на Ле Пен, исто така, освои вистински џекпот, бидејќи француската држава им дава повеќе пари на партиите кои освојуваат повеќе гласови на изборите. Партијата ќе добива околу 10 милиони евра секоја година до 2027 година. На крајот на 2020 година, партијата имала долг од близу 24 милиони евра, според официјалниот извештај за транспарентност. (Политико)

Емануел Макрон избори Марин Ле Пен Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.