Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот на Макрон предвидува првата меѓувладина конференција да биде на 23 јуни, а втората откако Бугарите ќе влезат во Уставот

0
By Соња Крамарска on June 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Во Нацрт – заклучокот познат и како планот на Макрон, се предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи на 23 јуни, а втората по влегувањето на бугарската етничка заедница во Преамбулата на Уставот на Северна Македонија. Притоа е оставен простор во кој треба да се спомене билатералниот протокол или договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија кој треба да стане составен дел на документот, и кој засега е непознат.

Како што се шпекулира едниот од условите што треба да ги прифати македонската страна е формулацијата за македонскиот јазик за која бугарските медиуми реагираат дека е капитулација на Софија во изведба на премиерот Кирил Петков, кому важно е да се спомене дека во вторник ќе му биде гласана (не)доверба во бугарското Народно Собрание.

Предлог-одлуката се однесува на два дополнителни билатерални документи од кои вториот ќе се однесува на формулацијата за македонскиот јазик, јави БГНЕС.

„Другиот билатерален документ што најверојатно ќе биде објавен се однесува на формулацијата на таканаречениот македонски јазик, што значи и негово де факто признавање. Во документот се наведува дека Бугарија и Северна Македонија ќе дадат еднострани декларации за македонскиот јазик, а самите декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата Меѓувладина конференција“, објавува агенцијата БГНЕС која вели дека дошла до документот.

Текстот на нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија е со следнава содржина:

1.Повикувајќи се на своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Северна Македонија да продолжи со реформската агенда на ЕУ и да постигне опипливи и одржливи резултати, што го отвори патот за одлуката за отворање на пристапните преговори во март 2020 година.

2.На патот на Северна Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и добронамерно спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

3.Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација.

4.Исто така, ќе ги зајакне правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците во северна Македонија и, како такви, ќе придонесе за усогласување со политичките критериуми од Копенхаген. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Северна Македонија приоритетно да иницира и спроведе релевантни уставни измени со цел во преамбулата на Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во државата и дел од други народи, како што се како Бугари.

5.Земајќи го целосно предвид овој напредок и континуираното усогласување со барањата во сите области идентификувани од Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Рамката за преговори и да одржи, во согласност со одобрената методологија, политичка меѓувладина конференција со Северна Македонија на 23 јуни 2022 година во Брисел на ниво на шеф на држава или влада за да ги претстави следните чекори во процесот на проширување по усвојувањето на Преговарачката рамка.

6.Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Северна Македонија ја исполни својата обврска за да ги изврши горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури.

7.Во овој контекст, Советот забележува дека Комисијата постигна напредок во спроведувањето и завршувањето на процесот на аналитички преглед на правото на ЕУ и е подготвена да ги претстави своите резултати на Северна Македонија во догледно време. Врз основа на ова, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да ја оценува состојбата на подготовките на Северна Македонија за почеток на преговорите во одредени области и да ги идентификува најверојатните прашања што ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи од кластерот Основи, кој соодветно со преговарачката рамка ќе се отвори прв, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот. (Р.Н.)

Бугарија Европски Совет Нацрт-заклучоци Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
ФОКУС

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

ВЕСТИ December 15, 2025

Двајцата вооружени лица кои убија 15 лица на плажата Бонди во Сиднеј во неделата се…

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025

Црна Гора ита кон ЕУ – овој вторник затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

December 14, 2025

Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

December 14, 2025
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.