Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина победи но Велика Британија може да биде домаќин на Евровизија 2023

0
By Соња Крамарска on June 17, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 17, 2022 15:41

Организаторот на Евровизија денеска најави дека ќе започне разговори со Би-Би-Си за можното одржување на настанот следната година во Велика Британија, откако заклучиле дека не може да се одржи во Украина.

Настанот традиционално го организира победникот на претходно одржаниот натпревар.

Минатиот месец украинскиот бенд Калушки победи на натпреварот, оставајќи ја Британија на второто место, благодарение на големиот број гласови од гледачите.

Украинскиот јавен радиодифузер претходно го организираше настанот двапати во 2005 и 2017 година. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека спровела „целосна проценка и физибилити студија“ за можноста тоа да се повтори.

Во соопштението се наведува дека натпреварот е една од најкомплексните телевизиски продукции во светот и дека се потребни 12 месеци за да се подготви.

Управниот одбор на натпреварот „со длабоко жалење заклучи дека украинскиот радиодифузер, со оглед на сегашните околности, не може да ги исполни безбедносните и оперативните гаранции потребни на радиодифузерот за да биде домаќин, да го организира и продуцира Изборот за песна на Евровизија во согласност со правилата на настанот“.

„Нашата целосна намера е победата на Украина да се одрази во емисиите следната година. Ова ќе биде приоритет во нашите разговори со евентуалните домаќини“, соопшти ЕБУ.

Би-Би-Си во соопштението наведе дека „ова не е сплет на околности што некој би ги посакал“, туку дека по одлуката на ЕБУ ќе разговараат за тоа кој ќе биде домаќин на Евровизија.

Портпаролот на британскиот премиер Џејми Дејвис изјави дека победата на Украина на Евровизија е заслужена и дека Велика Британија се надева дека следната година ќе се одржи во земјата победничка.

Тој рече дека ако тоа се покаже невозможно ќе ја поздрави можноста за тесна соработка со Украина и Би-Би-Си за домаќин на настанот да биде Велика Британија и дека Лондон ќе се погрижи настанот да ја одразува „богатата култура, наследство и креативност на Украина“. (МИА)

Би-Би-Си Велика Британија Евровизија 2023 Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.