Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Кога сите го очекуваа новиот хит за камбекот на музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, тој ја изненади публиката со сосема поинаков жанр. Го отпеа стариот хит на Здравко Чолиќ „Гори ватра“. На сцената дојде со точак и со качулка, а си замина со лисици на рацете. Ја освои главната награда: Златна камера за видео надзор. Наградата очекувано му ја врачи министерот за надворешни работи Оливер Спасовски. Публиката не штедеше на аплаузи. Не за министерот, туку за изведувачот кој во новиот уметнички жаргон доби име „сторител“. Тоа му е новото уметничко име, а јавноста ќе го памти како А.Л. Е тој А.Л.…
Советот на Град Скопје на денешната седница ја потврди иницијативата поднесена од страна на општина Аеродром, а која се однесува на новиот Регулациски план за Реонски центар и населба Лисиче. Со оваа одлука, се потврдува бришењето на вкупно 4 градежни маркици на посочените локации. Две од маркиците на кои претходно беа планирани згради сега се претворени во земјиште на кое ќе има парк од 6.000 м2, додека другите две од станбено-деловен простор стануваат објекти за образование. Дополнително, одлуката на Советот за потврдување на нашата иницијатива, конечно ги создава правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на спортскиот центар „Пирин“ во населба Лисиче. „Промените во начинот на владеење во…
Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за универзален полнач за мобилни телефони и други електронски уреди, а од есента 2024 година, сите преносливи електронски уреди со мала и средна големина ќе треба да бидат опремени со USB-C полнач. По летниот одмор, од Советот и од Парламентот се бара формално да го потврдат овој договор, кој потоа ќе биде објавен во Службен весник на ЕУ и ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување. Имплементацијата на директивата започнува 24 месеци по нејзиното влегување во сила, односно есента 2024 година. Новите правила нема да важат за производите што се…
Бугарскиот културен центар „Ванчо Михаилов“, пред малку објави писмо за кое велат дека го испратиле до сите странски амбасадори во Македонија. Во писмото тие поименично го обвинуваат државниот врв претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дипломатијата Османи дека се „најактивни во јавните обвинувања против клубот ‘Ванчо Михаилов’ и дека тоа што го опишувале Михајлов како „хитлерист“ довело до чинот на палењето на влезната врата на нивниот клуб во Битола. „Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот ‘Иван Михаилов’среде бел ден беше…
Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје денеска ја завршуваат реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк. По интензивната работа во изминатите месеци целосно се реконструирани патеките зад Зоолошката градина кај Сточарскиот институт и патеките зад Луна паркот. Реконструкцијата на пешачките патеки во паркот се вршеше по нарачка на Град Скопје, се реализираше во фази и се одвиваше на вкупна површина од 9.000 квадратни метри. Патеките се со променлива должина и широчина и бидејќи се целосно реконструирани и асфалтирани, граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација. Со завршувањето на реконструкцијата на патеките во овој…
Пејачот Ламбе Алабакоски се уште е во полициската станица во Битола и чека да биде изведен пред судија на претходна постапка. Тој во целост го признал палењето на влезот на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Бил уапсен синоќа, во својот дом. Порталот независен.мк пак пренесе информација од тамошниот дописник дека Алабакоски бил со мали изгореници на рацете и дека всушност тие биле причината за сомневањето да падне на него. Информацијата, сепак е неофицијална и не е потврдена од битолската полиција. Она што е интересно е што наредниот ден Алабакоски пеел на музичката манифестација „Фолк фест Валандово 2022“, каде…
„Доцна синоќа е извршен претрес во домот и во други домови каде што живее сторителот, пронајдени се облеката и други предмети кои го поврзуваат со кривичното дело. Тоа значи дека имаме несоборливи докази, лицето е приведено во полициската станица и во моментов очекуваме да биде изведен пред судија на претходна постапка во Битолскиот основен суд. МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“,изјави пред малку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред новинарите во врска со пронајдениот сторител на опожарувањето на влезот на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. На прашањето дали може да потврди дека се…
НоваТВ дознава дека приведениот за опожарувањето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, е пејачот Ламбе Алабакоски, кој е приведен и го признал делото. Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кусо на социјалните мрежи, објави дека е фатен сторителот, без да го наведе неговото име и презиме туку само иницијалите А.Л. По Спасовски и МВР излезе со соопштение во кое ја потврди веста, во кое се наведени истите податоци како и во објавата на министерот. „Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска…
Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште…
Одбележувајќи го четвртотото издание на манифестацијата „Златна рамка“, Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година, за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им одаде почит за нивната импресивна работа која низ годините допринесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија. Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор…
Амбасадата на Република Словенија во партнерство со општината Гази Баба и Земјоделскиот институт – Скопје организира настан за чистење на природно рекреативниот дел парк шумата во општина Гази Баба – Скопје, соопштија од амбасадата. Целта е, како што се посочува, да се помогне за подигнување на свеста кај младите од основното образование за зачувување на животната средина, како и за значењето на живиот свет, преку акција за чистење на парк шумата во Гази Баба од отпадоци како и едукативно-интерактивни содржини на отворено. Во оваа акција ќе бидат вклучени околу 50-тина деца од основното образование во општината Гази Баба заедно со нивните…
Русите почнаа со враќањето на телата на убиените украински војници во челичарницата Азовстал која стана симбол на украинскиот отпор. Мртвите извадени од урнатините на бомбардираната челичарница се префрлени во главниот град на Украина, Киев, каде што е во тек ДНК-тест за идентификација на посмртните останки, соопшти портпаролката на Азовскиот полк. Азовскиот полк беше меѓу украинските единици кои ја бранеа челичарницата речиси три месеци пред да се предадат во мај под немилосрдните руски напади од земја, море и воздух. Упорната одбрана на челичарницата од страна на украинските борци ги помати сметките на Кремљ за брзо заземање на Мариупол и ги задржа…