Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија и Украина разменуваат тела на мртви војници, предадени и телата на загинатите во Азовстал

0
By Соња Крамарска on June 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
фото: архива од евакуација од Азовстал
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2022 10:11

Русите почнаа со враќањето на телата на убиените украински војници во челичарницата Азовстал која стана симбол на украинскиот отпор. Мртвите извадени од урнатините на бомбардираната челичарница се префрлени во главниот град на Украина, Киев, каде што е во тек ДНК-тест за идентификација на посмртните останки, соопшти портпаролката на Азовскиот полк.

Азовскиот полк беше меѓу украинските единици кои ја бранеа челичарницата речиси три месеци пред да се предадат во мај под немилосрдните руски напади од земја, море и воздух. Упорната одбрана на челичарницата од страна на украинските борци ги помати сметките на Кремљ за брзо заземање на Мариупол и ги задржа долго време руските борбени сили во стратешкиот пристанишен град.

Судбината на бранителите кои паднаа во руски раце е се уште неизвесна. Зеленски рече дека повеќе од 2.500 борци од фабриката се држат во затвор, а Украина работи на нивно ослободување.

Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на мртви тела на војници од почетокот на војната. Се вели дека двете страни размениле вкупно 320 тела, при што на секоја им биле вратени 160 комплети посмртни останки. Размената се случила во четвртокот во регионот Запорожје.

Ана Холовко, портпаролка на Азовскиот полк, рече дека сите 160 украински тела што ги предале Русите се од урнатините на Азовстал. Таа рече дека најмалку 52 од тие тела се смета дека се на војници на Азовскиот полк. Најмалку два камиони со тела од Азовстал биле префрлени во воената болница во Киев за идентификација.

Во меѓувреме, руските сили продолжија да се борат за контрола на Сиевиеродонецк, град во источна Украина, кој е клучен за целта на Москва да го заврши заземањето на индустрискиот регион Донбас.

Зеленски рече дека силите на Москва имаат намера да го заземат југоисточниот град Запорожје, дом на повеќе од 700.000 луѓе, потег што може сериозно да ја ослабне позицијата на Украина и да и дозволи на руската војска да напредува поблиску до центарот на државата. „Во регионот Запорожје е најзаканувачката ситуација“, рече Зеленски. (АП)

Азовстал мртви војници размена на тела Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.