Author: Соња Крамарска

Заврши литургијата во Белград, по која Српскиот патријарх Порфириј му врачи Томос на Архиепископот Стефан. „Денеска по благодата Божја имаме прилика да овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква, Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска…

Read More

Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. Во својот говор партискиот лидер Али Ахмети рече ДУИ постигнала голем успех во интеграцијата на Албанците во Македонија. „Имаме целосна интеграција во општините, во Владата, во Собранието, во администрацијата, во полицијата од некогашните 170 полицајци сега се над 2.000, во армијата од 65 сега се над 2.000, во администрацијата од 2 отсто сега се над 21 отсто, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност“, рече Ахмети. Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е…

Read More

Во соборниот храм во Белград во тек е света архијерејска литургија која ја служат Патријархот српски Порфириј и Aрхиепископот македонско-охридски Стефан со владиките на двете цркви, пренесува Танјуг. Според овие информации на Танјуг, по завршувањето на оваа литургија, патријархот на СПЦ се очекува да му го врачи томосот на архиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. Претходно, како што потсетуваат српските медиуми, 42 епископи на СПЦ гласале за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. После првата заедничка литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј, ја соопшти одлуката на Саборот кој „едногласно и еднодушно излегол во пресрет на…

Read More

Во голем пожар во складиште со контејнери во југоисточен Бангладеш загинаа најмалку 34 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопштија официјални лица. Меѓу загинатите се и пет пожарникари а 15 се со изгореници. Пожарот во контејнерскиот објект избувнал вчера вечер во Ситакунда, 40 километри од пристанишниот град Читагонга, предизвикувајќи повеќекратни експлозии на контејнери по големата експлозија на местото. Пожарникарите утрово сè уште го гаснат пожарот, изјави претставникот на противпожарната служба Фарук Хосеин Шикдер. Експлозијата го потресе квартот, а прозорците на околните куќи беа искршени, изјавија локалните жители. Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи некои од повредените се…

Read More

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти, а истовремено зголемување на производството за дополнителни 20 проценти, рече Ковачевски. „Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „На 4 јуни, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, детето незаконски управувало патничко моторно возило „Сеат леон“ со скопски регистарски…

Read More

Во голем пожар во складиште со контејнери во југоисточен Бангладеш загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопштија официјални лица. Меѓу загинатите се и пет пожарникари а 15 се со изгореници. Пожарот во контејнерскиот објект избувнал вчера вечер во Ситакунда, 40 километри од пристанишниот град Читагонга, предизвикувајќи повеќекратни експлозии на контејнери по големата експлозија на местото. Пожарникарите утрово сè уште го гаснат пожарот, изјави претставникот на противпожарната служба Фарук Хосеин Шикдер. Експлозијата го потресе квартот, а прозорците на околните куќи беа искршени, изјавија локалните жители. Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи некои од повредените се…

Read More

Подметнувачот на пожарот на влезната врата од бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ стигнал со велосипед, извадил канистер со запалива течност, ја истурил пред вратата и ја запалил. Притоа тој носел маска на лицето за да не биде препознаен. Пожарот што избувнал веднаш бил огромен и тој се исплашил и побегнал. Тоа според БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска за Бугарската телевизија, велејќи дека го видела потпалувачот на снимки од камера. Генчовска која вчера и денес е во Скопје, вчера ја прекина средбата со нејзиниот домаќин Бујар Османи и замина за Битола. „Подметнатиот пожар во Битола…

Read More

Северна Кореја денес истрела осум балистички ракети со краток дострел во водите на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Ракетите биле лансирани од повеќе локации во Северна Кореја во водите источно од Корејскиот полуостров помеѓу 9:08 и 9:43 часот по локално време. Потегот Јапонија го нарече „без преседан“. Ова е 17-то лансирање на ракети од Северна Кореја оваа година. Последното, на 25 мај, беше токму кога американскиот претседател Џо Бајден го заврши своето патување во Азија и се враќаше назад во Соединетите држави. Ракетната проба се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја ги завршија воените…

Read More

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на Извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски, како што се наведува во партиското соопштение, ја истакнал загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања. „Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кои не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори…

Read More

Тројца малолетници се уапсени, а три лица, од кои еден малолетник завршиле во болница за време на вчерашниот концерт организиран од партијата ДУИ по повод 20 години од формирање на партијата. „На 03.06.2022 во полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје. Тројцата на плоштадот ‘Скендер-бег’ во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на…

Read More