Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Ќе си произведеме струја, ЕСМ нема да дозволи големо покачување на цената

0
By Соња Крамарска on June 5, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 5, 2022 10:26

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти, а истовремено зголемување на производството за дополнителни 20 проценти, рече Ковачевски.

„Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија“, уверува генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Управните тела на АД ЕСМ деновиве интензивно комуницираат со сите производствени капацитети на компанијата и се консултираат со Владата пред да биде испратена понудата за цената на струјата до ЕВН Хоум. Се вложуваат максимални напори да се обезбедат дополнителни количества струја и покрај некоректниот и неморалниот чин на дел од општините и малите компании да преминат на регулираниот пазар на електрична енергија кој е наменет за домаќинствата, односно граѓаните вели Ковачевски.

„Јас ве уверувам дека АД ЕСМ ќе биде подготвена во второто полугодие на годината да ги произведе потребните количини на електрична енергија не само за ЕВН Хоум, туку и за ЕВН Електродистрибуција, за МЕПСО, па и за дел од институциите во државата кои во овој период силно го трпат ударот на високите цени на отворениот пазар за да може да го ублажиме ударот кај некои од министерствата, особено Министреството за труд и социјална политика во чии ингеренции се градинките или МОН за училиштата“, вели Ковачевски.

 

 

Васко Ковачевски ЕСМ цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.