Author: Соња Крамарска

На последниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања не е постигнат опиплив напредок во решавањето на прашањата. Ова за БГНЕС го изјавил членот на комисијата професор Кирил Топалов, јави пред малку бугарската новинска агенција. Топалов тврдел дека учесниците од македонска страна во Комисијата најголем дел од времето разговараале за записниците од минатите средби. „Затоа и јас и моите колеги изразивме став дека е апсурдно да се разговара за минатогодишниот записник. Препорачавме во блиска иднина после секој состанок записникот да се усвои во разумен рок и дури потоа да се оди на нов состанок“, рекол Топалов. Според него, историчарите…

Read More

Дури 97 основни училишта во Белград, како и некои средни училишта утринава добиле дојави за бомби, соопшти Министерството за образование. По детална проверка на противдиверзантските екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни, се наведува во соопштението на Министерството. Пријавите стигнале во раните утрински часови, во едно од училиштата било во 6.15 часот. Во петокот три трговски центри, четири стдиденти домови и некои други објекти во центарот на Белград добиле дојава за бомби. Во текот на минатиот месец вакви дојави за поставени бомби имаше за три трговски центри и за училишта. Пред тоа…

Read More

Шведска испраќа дипломати во Турција за да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара на нејзиниот план да се приклучи на НАТО, изјави министерот за одбрана Петер Хултквист. Турција ги изненади своите сојузници во НАТО велејќи дека нема позитивно да гледа на апликациите на Финска и Шведска, а претседателот Таип Ердоган рече дека „скандинавските земји се гостилници за терористички организации“. Министерот за одбрана Питер Хултквист изјави за јавниот сервис СВТ: „Ќе испратиме група дипломати да разговараат и да имаат дијалог со Турција за да видиме како тоа може да се реши и за што всушност се работи“. Турција рече дека…

Read More

Поради одржување на оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9:30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со амбасадата на САД. Во овој период ќе бидат затворени улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до улицата „8 Септември“. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на полициските службеници.

Read More

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за време на вчерашните партиски избори, беше реизбран за претседател на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас немаше противкандидат, а по завршувањето на гласањето, кое поради големиот интерес беше продолжено за еден час, лидерот на опозициската партија се осврна на масовното учество во процесот, посочи дека биле вклучени над 110.000 нови членови и дека е направен „голем, значаен и решителен чекор за одново да се врати надежта во земјата”. „СИРИЗА, со 30.000 членови, во минатото победи во три круга избори. СИРИЗА, со 172.000 членови денес, сигурно ќе биде првата партија со разлика на…

Read More

Половина од младите луѓе во Македонија, односно 51 процент, покажуваат иницијативност за решавање на општествени проблеми, велат резултатите од анкетата што ја спроведе Фондацијата за демократија Вестминстер. Истовремено, дури третина од нив или 34 проценти сметаат дека сега сме подалеку од влезот во ЕУ во однос на минатата година. Анкетата која е наменета да го покаже социо-политичкото учество на младите во случувањата и во процесите во државата, е спроведена по пат на телефонско јавување на стандарден репрезентативен примерок, во декември 2021 година. Оваа анкета дојде до резултат и дека повеќе од половина од младите односно 57 проценти ретко или никогаш…

Read More

Љубителите на астрономијата утрово околу 3.50 часот имаа можност да уживаат во спектакуларната глетка што ја приреди феноменот таканаречена „крвава“ Месечина. Феноменот е како резултат на тоа што неколку минути нашата планета беше позиционирана директно помеѓу Сонцето и Месечината. Во тоа време Месечината целосно падна во сенка на Земјата – привремено претворајќи ја во мрачна нијанса на темно црвена боја. Темноцрвената нијанса е создадена од сончевата светлина што се проектира низ атмосферата на Земјата на засенчената површина на Месечината. Оваа појава е позната и како супер Месечина, бидејќи Месечината е на најблиската точка до Земјата во својата орбита и така изгледа…

Read More

Еден од најбогатите монарси во светот, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед ал Нахјан, почина на 73-годишна возраст. Шеикот Калифа беше претседател на ОАЕ од 2004 година, но неговата улога беше главно церемонијална откако доживеа мозочен удар во 2014 година. Неговиот полубрат Мохамед бин Зајед ал Нахјан сега е задолжен за државните работи. Се верува дека семејството Ал-Нахјан има богатство од 150 милијарди долари. Покрај тоа што беше претседател на ОАЕ, шеикот Калифа беше и владетел на Абу Даби, главниот град богат со нафта на седумте емирати кои ги сочинуваат ОАЕ. Веста за неговата смрт ја објави официјалната…

Read More

Конфедерацијата на слободните синдикати денеска со соопштение побара надлежните да го санкционираат, како што велат, вулгарниот однос на собранискиот спикер Талат Џафери кон вработените. „Вчерашниот настан во кој Претседателот на Собранието на вулгарен начин се однесуваше кон вработените и демонстрираше вербална сила е слика и прилика на целиот јавен сектор. Примерот којшто вчера го видовме само ги охрабрува истите тие раководители уште посилно да вршат мобинг, тортура и притисок врз вработените во јавниот сектор“, реагира синдикатот. КСС бара јавно извинување од Претседателот на Собранието Талат Џафери кон истите тие работници коишто беа навредувани и вербално малтретирани од него и ги…

Read More

Одделението за внатрешни работи од Кочани до тамошното јавно обвинителство  поднесе кривична пријава  против С.И.(43) од Кочани, поради кривично дело „лихварство“. С.И. во октомври 2018 година на жена од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а  за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. Таа, злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребите на нејзината сограѓанка, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година и зела 33.000 денари и предмети во вредност од 20.700 денари. Односно, лихварката на својата жртвата за заем од 50 евра ѝ вратила 53.700 денари.

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска одржа прес-конференција, на која портпаролот Димче Арсовски ги повика, како што рече, МВР и Јавното обвинителство, да не молчат туку да излезат во јавност со информации за малверзации околу поврат на ДДВ. Наводните сознанија вчера ги обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека вработени во УЈП  давале искази во полицијата за наводни финансиски малверзации околу повраток на ДДВ со што биле испумпани 20-30 милиони евра. Мицкоски притоа ги повика МВР и Обвинителството да го спроведат законот и да излезат со детали, во спротивно ВМРО ДПМНЕ ќе го направат тоа. ,,Затоа е многу важно дали…

Read More

Европската унија ќе обезбеди 500 милиони евра воена поддршка за Украина, изјави главниот дипломат на Унијата, Жозеп Борел. „Ќе обезбедиме нова транша од уште 500 милиони воена поддршка за Украина“, им рече на новинарите високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на својот пат утрово кон состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во Вајсенхаус во Германија. Според Борел, Г-7, исто така, „ќе извршат поголем притисок врз Русија“ во однос на економските санкции. Дипломатот рече дека е „оптимист“ дека може да се постигне договор за ембарго на ЕУ за увоз на руска нафта, нагласувајќи ја потребата „да се…

Read More