Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот преговарач Топалов: Нема напредок во историската комисија, колегите од Северна Македонија се непопустливи, чекаат да го тргнеме ветото

0
By Соња Крамарска on May 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2022 10:14

На последниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања не е постигнат опиплив напредок во решавањето на прашањата. Ова за БГНЕС го изјавил членот на комисијата професор Кирил Топалов, јави пред малку бугарската новинска агенција.

Топалов тврдел дека учесниците од македонска страна во Комисијата најголем дел од времето разговараале за записниците од минатите средби. „Затоа и јас и моите колеги изразивме став дека е апсурдно да се разговара за минатогодишниот записник. Препорачавме во блиска иднина после секој состанок записникот да се усвои во разумен рок и дури потоа да се оди на нов состанок“, рекол Топалов.

Според него, историчарите на Северна Македонија, како што нагласил, ја покажуваат својата позната непопустливост и намерно доцнење во решавањето на важните прашања, бидејќи очекуваат официјална Софија за еден месец да го укине ветото и да почне преговори за членство во Европската унија.

„Мојот впечаток е дека се цврсто убедени дека ќе бидат ослободени. И ова се уште е далеку од сигурно дека ќе се случи, барем засега нема такви индиции, дури и да преовладува спротивното“, изјавил Топалов.

„На почетокот на нашата заедничка работа имавме големи надежи дека нашите колеги ќе бидат поконструктивни, бидејќи впечатокот ни беше дека добро ги знаат историските факти и ќе бидат пообјективни. За жал, се чини дека ги консолидираат своите позиции, кои се далеку од историската вистина и се чини дека сè повеќе не сакаат да решат никакво прашање. Жално е кога гледате дека научниците се спремни да кажат црно-бело доколку се диктирани од политичките позиции на властодршците“, вели тој.

Тој, како што вели известувачот на бугарската новинска агенција, ги коментираше и неодамнешните иницијативи на „истакнати личности од бугарската преродба“, како Јоаким Карчовски, Кирил Пејчиновиќ и други, да се претстават како „Македонци“.

„Ги прашав колегите од Република Северна Македонија дали има случај некој од овие „македонски преродбеници“ да го употреби зборот „македонски“ или „Македонија“ наместо „бугарска“. Нема таков случај. Секогаш го користат зборот „бугарин“, а идентитетот не се гради на лаги, многу брзо пропаѓа“, коментирал Топалов.

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Топалов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.