Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани кои се од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, со најискрена желба за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом“, се вели во честитката од опозициската партија. „За нас христијаните овој голем ден значи живот и надеж и не потсетува дека само со верба кон Бога, со мир во душата, со трпение, меѓусебно почитување, толеранција, труд и работа ќе постигнеме напредок за државата и подобар живот за сите граѓани. Во овие тешки времиња, ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрајност и разум, да надвладее доброто наспроти лошото, правдата да…
Премиерот Димитар Ковачевски со писмо до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, и до Синодот, како и со видео обраќање го честиташе големиот празник Велигден. „Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден. Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа“, вели тој во честитката. Во овие драматични…
Француските гласачи денес гласаат за да одлучат дали на центристот Емануел Макрон ќе му дадат уште пет години како претседател или ќе го заменат со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. За да победат и двајцата треба да привлечат гласачи кои поддржаа други кандидати во првиот круг. Макрон и Ле Пен се две поларизирачки фигури во Франција и апстиненцијата е клучен фактор, пишува Би-Би-Си на стартот на денешното гласање. Противниците на Макрон го нарекуваат арогантен и претседател на богатите, додека пак лидерката на екстремната десница е обвинета дека има врски со рускиот претседател Владимир Путин. Макрон дојде на власт…
Тимовите за пребарување во Јапонија соопштија дека седум лица се пронајдени откако туристички брод со 26 лица исчезнал кај северниот остров Хокаидо. Властите изгубија контакт со пловилото синоќа откако испрати сигнал за помош велејќи дека навлегува во вода во 13:15 часот по локално време. Крајбрежната стража не можеше да потврди дали пронајдените се сè уште живи. Се верува дека бродот бил на тричасовно патување околу полуостровот Ширетоко. Областа е прогласена за светско наследство на УНЕСКО, а патувањата со брод се популарни кај туристите кои се надеваат дека ќе забележат китови и морски лавови, како и кафеави мечки на карпестите плажи. Спасувачките напори -…
„Епохата во која живееме често се претставува како нова, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови. Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението“, рече поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан честитајќи им го Велигден на граѓаните на нашата земја. „Сведоци сме дека, и покрај сите обиди на светот да се обнови самиот себеси, со посредство на технолошките откритија и човечките мудрувања, тој успева само да направи привид на новото,…
Утрово во Босна и Херцеговина имаше повторно земјотрес, трет по ред со поголема јачина. Земјотресот бил 5.5 степени по Рихтер и беше почувствуван во 6 часот и 30 минути. Потресот бил со епицентар на 9 километри од местото Љубиње. Од четвртокот до денеска регистрирани се над 50 земјотреси. Во земјотресите загина девојка на возраст од 28 години од Столац, откако карпа се урнала врз нејзината куќа, а нејзините родители се повредени. Земјотресите предизвикаа материјални штети. Земјотресите во БиХ ги почувствуваа и соседните земји, Црна Гора, Србија, Хрватска, а првиот и во Македонија. (Р.Н.)
Вечерва во 20:02 часот повторно е почувствуван потрес во БиХ. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил само девет километри источно од Столац или 37 километри југоисточно од Мостар. Длабочината на земјотресот се проценува на два километри, јави порталот Далмација Денес.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот државен секретар Антони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин утре ќе го посетат украинскиот главен град Киев. „Мислам дека не е тајна дека утре кај нас доаѓаат луѓето од САД државниот секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин“, рече Зеленски на прес-конференција одржана во метро станица во Киев. Зеленски, исто така, рече: „Ќе очекуваме, кога обезбедувањето ќе дозволи, и претседателот на САД да дојде и да разговара со нас“. Си-Ен-Ен за најавената посета побара коментар од американското Министерство за одбрана и Стејт департментот. Белата куќа, како што притоа наведува…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ако Украинците во опколениот град Мариупол бидат убиени од руските сили и ако Русија организира „псевдо“ референдуми на окупираните територии, Украина ќе ги прекине преговорите со руската страна. Зеленски, исто така, ја повтори својата подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи „немам право да се плашам, украинскиот народ покажа дека не се плаши од руската војска“. „Што се однесува до темата на средбата со претседателот на Русија, да, би сакал да започнеме со финализирање на војната. Има дипломатски пат, има и воен. Така што секој здрав и разумен човек секогаш избира…
Од 1 мај ќе има бесплатен железнички превоз за повеќе категории граѓани, односно за млади, студенти и средношколци како и за пензионери. „Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски. Согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт за 2022 година, бесплатен воз ќе може да користат млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, и во викенд денови од петок од 12 часот до понеделник до 12 часот. Дополнително, секој четврток…
Утре во Словенија ќе се одржат деветтите парламентарни избори од независноста на Словенија. Според аналитичарите, најсериозен конкурент на актуелниот премиер Јанез Јанша е Роберт Голоб, кој ја предводи новата, левичарска политичка опција, Движење за слобода. Право на глас имаат 1,7 милиони гласачи, кои ќе изберат 90 пратеници во Националното собрание. На кандидатските листи има околу 1.500 кандидати од 21 партија и коалиција. (Р.Н.)
Украинската влада воведе нов полициски час за Велигденскиот викенд поради предупредувањата од властите за зголемена руска воена активност за време на празничните прослави. Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, го објави полицискиот час пред малку. Полициски час ќе стапи во сила денеска во 19 часот по локално време и ќе трае до утре недела до 5 часот изутрина по локално време, и тоа во регионите Донецк, Луганск, Харков, Запорожје, Миколаев и Керсон, во кои има активни борби. Во другите региони на Украина, вклучително и главниот град Киев, полицискиот час ќе трае од 23 часот вечерва по локално време…