Вечерва во 20:02 часот повторно е почувствуван потрес во БиХ. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил само девет километри источно од Столац или 37 километри југоисточно од Мостар.

Длабочината на земјотресот се проценува на два километри, јави порталот Далмација Денес.