Author: Соња Крамарска

Попладнево се случи бугарско сценарио во македонскиот Парламент, јави Независен. Европарламентарецот Александар Јорданов, кој е член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија- ЕУ дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни а ги нарекле македонски само затоа што биле од географскиот регион  Македонија,  дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и генерално нема атмосфера за уставни промени. Јорданов, кој знае да се спушти многу повеќе нивоа во говорот на омраза кон Македонија кога зборува од Брисел,  предизвика…

Read More

Ривалот на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, Кемал Киличдароглу, денес им се обрати на младите и ги повика да гласаат за него во вториот круг од изборите на 28 мај, за долгорочното владеење на неговиот ривал да не влезе во третата деценија. Во првиот круг, актуелниот претседател освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска алијанса освои 45 отсто од гласовите. На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со 5,2 отсто, а потоа Мухарем Инџе, кој се повлече од трката, но предоцна, и сепак доби 0,43 отсто од гласовите. Бидејќи…

Read More

Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнување на безбедноста во училишните објекти, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција. Станува збор за десет владини препораки по добиени сугестии од академската фела и експертската јавност. „Прво, им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови на ниво на општините во чиј фокус на работа ќе бидат разговори, поединечно со секое дете ученик во секое училиште. Второ му се укажува на…

Read More

„Имаме работна група каде што се анализираат сите процеси врз основа на активностите што ги имаат граѓаните, но и учениците во нашата држава. Многу кратко ќе излеземе со анализи и со решенија врз основа на тоа. Исто така, сакам да информирам дека ние како држава, планираме да креираме и законско решение, каде ќе ги ставиме и порталите и сите електронски комуникации и трансформација на процесите во дигитална форма да имаат законско решение“. Така рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на новинарско прашање дали имало средба со министерот за образование и што е утврдено околу користењето на…

Read More

Од утре до сабота на патеката „Матка“ крај Скопје ќе се одржи Европското првенство во кајак за сениори за кое се пријавени натпреварувачи од 18 држави. АМС како партнер на Кајакарската федерација учествува во организација на овој голем настан. „За нас како институција и пред се држава е од големо значење да покажеме зрелост и  способност за успешна организација на едно Европско првенство. Кајакарската федерацијата е активно посветена во овие случувања на меѓународната сцена и е вистински промотор на овој спорт кај нас“, рече директорот на АМС, Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција. Тој упати апел до љубителите на овој спорт…

Read More

Следната 2024 година е рокот во којшто треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тоа значи дека рокот за замена е до крајот на оваа 2023 година. „Во однос на цените, ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме зголемување кое што не е големо, имајќи предвид дека утврдивме два вида на цени“, дополни Спасовски. Оние кои ги менуваат пасошите на пет години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги,…

Read More

Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје и во регионалните канцеларии излегоа на протест за повисоки плати согласно Колективниот договор. Протестот траеше од 10 до 11:30 часот, а претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски рече дека барањето на вработените е платите да се зголемат за 30 отсто. „Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии кое и покрај преговорите што ги имавме во изминатиот период, не ги одобри нашите барања што ни следуваат согласно Закон“, рече Велковски. Тој посочува дека трошоците за живот континуирано…

Read More

Филмовите зборуваат за денешницата и се многу политички ориентирани. Тие го истражуваат нашиот морал, чувство, хуманост, нашата храброст кога ќе се соочиме со ситуација во која треба да кажеме „не“ – со овие зборови директорот на Канскиот фестивал, Тиери Фремо, ја најави годинешната програма, која официјално ќе биде отворена со продукцијата на „Мадам ди Бери“ вечерва на Кроазета. Историската драма во која глуми Џони Деп е шестиот игран филм на режисерката и актерка Мејвен Ла Беско, која исто така глуми во филмот. Ја раскажува приказната за бурните односи меѓу францускиот крал Луј XV и неговата љубовница Мадам де Бери, која…

Read More

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на генералниот секретар на Хашката конференција за меѓународно приватно право, Кристоф Бернанскони и амбасадорката Бети Јачева како и другите присутни. Се смета дека потпишувањето на Конвенцијата ќе влијае на подобрување на деловната средина и работењето на компаниите, подобрување на прекуграничната соработка во граѓанската и трговската материја, како и повисок степен на усогласеност на националното со европското законодавството како земја-кандидат за членство…

Read More

Авиокомпанијата Ер Србија најави дека од утре, 17 мај, ќе воспостави директни летови меѓу Белград и Чикаго, кои не постоеја повеќе од 30 години. Новата линија е продолжение на проширувањето на дејноста во Соединетите Американски Држави (САД), а до 11 јуни летовите од Белград до Чикаго ќе се реализираат два пати неделно – во среда и сабота, додека од 12 јуни ќе има летови три пати неделно – во понеделник, во среда и сабота. Летовите од Белград до меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе ќе траат околу 11 часа и ќе бидат изведувани со авиони Ербас А330 за долги релации на…

Read More

Припадници на италијанската финансиска полиција во провинцијата Калабрија, со поддршка на Царинската управа, во два контејнерa открија 2,7 тони чист кокаин штo пристигнал од Гвајакил во Еквадор. Кокаинот бил наменет за клиенти во Ерменија, а требало да биде подигнат во грузиското пристаниште Батуми. Кокаинот, кој се пренесувал во разладни контејнери долги над 12 метри, бил скриен во товар од 78 тони банани.

Read More

Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во наредната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто. Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2,0% и 3,0%), Косово (3,5% и 4,0%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%) ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и…

Read More