Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана на мобилни телефони во училница, дрес код за учениците и наставниците – можни нови мерки

0
By Соња Крамарска on May 16, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 16, 2023 15:40

Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнување на безбедноста во училишните објекти, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција.

Станува збор за десет владини препораки по добиени сугестии од академската фела и експертската јавност.

„Прво, им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови на ниво на општините во чиј фокус на работа ќе бидат разговори, поединечно со секое дете ученик во секое училиште. Второ му се укажува на Државниот совет за превенција на детско претстапништво да достави информации за работа и колку општински совети за превенција се опфатени и во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземени активности за градење клима на доверба и добросостојба во училишта. Во активностите на општинските совети да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци“, образложи Шаќири.

Трето, додаде, им се укажува на сите основи и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема „Подобрување на процесите, безбедност на организација и состојбите на училишните објекти и околината“, на крајот на состаноците потребно да се отворат дискусии дали се потребни училишни уиформи како кодекс на облекување на учениците, родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби.

Потребно е, рече Шаќири, на овие состаноци родителите да се потсетат на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Училиштата е потребно да ги известат МОН за присутноста од страна на родителите на овие состаноци, на овие состаноци секој пеодинец треба да се запознае со веќе усвоените десет препораки.

„Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат надминување на несигурноста и задржување на чувството на безбедност во училиштата. Секое училиште треба да направи и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите во просториите на училиштата. Укинување на потреба на мобилните за време на часовите ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и слично“, појаснува Шаќири.

МОН и Бирото за развој на образование ќе подготват листа на ресурси за кои ќе се дискутира во одделенскиот класен час меѓу наставниците и учениците, а ќе служат за унапредување на добра состојба на учениците како на пример прирачници за животни вештини, програма за психосоцијална помош и поддршка на унапредување на добра состојба и ментално здравје на децата.

Министерот додаде дека им се укажува и се препорачува на општините и на градот Скопје во новата годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба, спречување дискриминација, соработка со родителите/старателите.

„Им се укажува и препорачува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано непречени услови за стручните служби да функцонираат во училишната клима. Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат тет-а-тет средба со својот училишен психолог. МОН заедно со стручните соработници ќе формираат работна група која ќе треба да креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на психосоцијална поддршка и ментална здравје на учениците“, рече Шаќири.

Препораките почнуваат да важат веднаш, а министерот ќе ги достави до училиштата и општините и ќе бидат објавени јавно. Шаќири апелира на целосно почитување на препораките.

 

безбедност Јетон Шаќири мерки образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.