Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лога ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети

0
By Соња Крамарска on May 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 16, 2023 11:58

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на генералниот секретар на Хашката конференција за меѓународно приватно право, Кристоф Бернанскони и амбасадорката Бети Јачева како и другите присутни.

Се смета дека потпишувањето на Конвенцијата ќе влијае на подобрување на деловната средина и работењето на компаниите, подобрување на прекуграничната соработка во граѓанската и трговската материја, како и повисок степен на усогласеност на националното со европското законодавството како земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Следниот чекор во однос на  Конвенцијата е спроведување на постапката за ратификација согласно Законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори.

Република Северна Македонија е член на Хашката Конференција од 1993 и досега е дел од 10 хашки конвенции. Три конвенции и Протоколот кои се потпишани во 2019 година се во постапка на ратификација.

Церемонијата на потпишување се одржа во рамките на регионалниот семинар за Хашката Конвенција за признавање и извршување на странски пресуди од 2019 година со претставници од министерствата за правда и министерствата за надворешни работи од Западен Балкан.

Кренар Лога Хаг Хашка конвенција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.