Author: Соња Крамарска

Општина Крушево ги интензивира активностите и работата на неколку големи проекти, а се најавува уште еден проект – дополнително зафаќање на извори на вода во населба Трстеник со што ќе се обезбеди водоснабдување на индустриската зона и дел од населените места. Покрај тоа, како што објави градоначалникот Томе Христоски, во тек се градежни работи и на повеќе локации во општината. Реконструкција на улицата што води до хотелот Монтана и изградба на паркинг, тампонирање во дворот на училиштето  и тампонирање на улица во село Борино, изградба на резервоари за вода во селата Јакреново и Пресил, санација на свлечиште на регионалниот пат…

Read More

Германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек ја повика јавноста да ја намали потрошувачката на енергија и да престане да користи автомобили за да и помогне на нивната земја да се одвикне од руската нафта и гас. „Ако можете да се возите со воз или велосипед за Велигден, тоа е добро: лесно е за паричникот и го нервира Путин“, рече Хабек, кој е и министер за економија и ко-лидер на Зелените. Германија се спротивстави на европските повици за забрана на руската енергија. Претседателот на Украина го критикуваше ставот и на Германија и на Унгарија. „Треба да разговараме заедно со овие земји за тоа како…

Read More

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика. Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки за 2,1 отсто, а во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, цените се во просек повисоки за 6,4 отсто, пренесува агенцијата Хина. Цените на прехранбените производи, во кои се вклучени безалкохолните пијалаци, а кои сочинуваат четвртина од потрошувачката кошничка, пораснаа за…

Read More

Анџело, Клементина и Андреј, иако биле на различна возраст, од рана младост (19) до средна (22) и до зрела младост од 28 години, во работен ден седеле во дискотека до 3 часот по полноќ. Тоа значи дека Анџело, Клементина и Андреј следниот ден не требало да станат за да одат на работа или на факултет. Или уште полошо, ако работеле веројатно имале колеги кои љубезно ќе ги покријат додека они дремат во ќоше со изговор дека не им е добро. Анџело, Клементина и Андреј, очигледно немале ни родители кои загрижено ќе ги побараат своите деца бидејќи не се вратиле дома…

Read More

Гувернерот на украинскиот регион Луганск, Серхиј Гајдај ги повика жителите да се евакуираат. На Телеграм, тој апелираше на евакуација и да се „избере живот“. Медиуми јавуваат дека ваквиот апел следува откако едно лице беше убиено, а петмина беа ранети, за време на руското гранатирање во градот Кремина. Евакуирани се 32.000 жители со возови и автобуси, додаде Гајдај, повикувајќи ги и останатите да го сторат истото. „Не двоумете се и одете додека сè уште постои таа можност“, истакна гувернерот.

Read More

Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа дека привремено се укинува конкретната одлука на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември. Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои не се вакцинирани…

Read More

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) jа доби водечката улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан, во рамки на новиот европски проект „Policy Answers“, финансиран од програмата „Хоризонт Европа“ на Европската Комисија со буџет од пет милиони евра. Проектот, како што посочуваат од ФИТР, има цел да ги продолжи и зголеми заедничките напори на ЕУ и Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија – за да поттикне соработка во полето на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. Целта е да…

Read More

Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави министерот за економија Вахан Керобјан. „Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс“, појасни министерот. Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи. Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи. Под „непријателски земји“ спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

Read More

Според Обединетите нации, Русија и Украина обезбедуваат околу 30 отсто од пченицата и јачменот што се консумираат на глобално ниво. Русија е исто така еден од најголемите светски производители на ѓубрива. Ако војната се одолговлекува, економистите предупредуваат дека трошоците за ѓубрива може да спречат некои земјоделци да ги прошират своите посеви за да го надополнат недостигот од снабдување. На бојното поле во Украина, земјоделците се борат да садат земјоделски култури, а украинските извозни пристаништа остануваат блокирани од руски воени бродови. Додека Обединетите нации прогнозираат дека зголемувањето на цените на житото и растителното масло може да влијае на земјите на глобално…

Read More

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски вели дека не е изненаден од тоа што Владата ги одбива барањата на синдикатот за покачување на платите иако наставниот кадар е веќе четврти ден во штрајк и училиштата и градинките се празни, со образложение дека нема пари а од друга страна, склучуваат милионски договори во четири очи. За време на неговата посета на општина Василево, одговарајќи на новинарски прашања Николоски истакна дека наставниот кадар и воопшто, вработените во градинките и училиштата се во право затоа што нивните плати се под секое достоинство и истите треба да им се зголемат. „Би…

Read More

Со неизмерна тага соопштуваме дека утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), нашата драга колешка и актерка во Драмски театар Скопје, објави Драмски театар. Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена. Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети…

Read More

„Оваа криза нé научи дека мора да се инвестира стратешки. Затоа веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот дополни и дека се воведуваат и новини во субвенциите во вид на авансни износи на субвенции, а првата област каде ќе се спроведат е овоштарството. „Тоа значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30 отсто пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70 отсто потоа според…

Read More