Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штедете енергенси и изнервирајте го Путин, им порача на Германците заменик – канцеларот Роберт Хабек

0
By Соња Крамарска on April 15, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2022 15:07

Германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек ја повика јавноста да ја намали потрошувачката на енергија и да престане да користи автомобили за да и помогне на нивната земја да се одвикне од руската нафта и гас. „Ако можете да се возите со воз или велосипед за Велигден, тоа е добро: лесно е за паричникот и го нервира Путин“, рече Хабек, кој е и министер за економија и ко-лидер на Зелените.

Германија се спротивстави на европските повици за забрана на руската енергија.

Претседателот на Украина го критикуваше ставот и на Германија и на Унгарија. „Треба да разговараме заедно со овие земји за тоа како е можно да има различни ставови за ова прашање – ембаргото за нафта во Европската унија“, изјави Володимир Зеленски за Би-Би-Си. Тој тврди дека Русија не ги сфаќа мировните преговори поради милијардите што ги добива од извозот на нафта. Некои од пријателите и партнерите на Украина сега сфатија дека тоа е прашање на опстанок за Украина, рече тој.

Иако германскиот увоз падна оваа година, таа сепак од Русија увезува четвртина од нафтата и 40отсто од гасот. Веќе го стопираше отворањето на големиот руски гасовод, Северен тек 2, како одговор на војната. Претходно оваа недела, германските економски институти предупредија дека итно запирање на рускиот увоз ќе предизвика остра рецесија во најголемата европска економија до 2023 година.

Во услови на притисок од ЕУ да ја забрани руската нафта, канцеларот Олаф Шолц посочи дека Германија може да го стори тоа до крајот на оваа година. Сепак, некои членови на неговата коалиција од Зелените и ФДП, пријателски настроена кон бизнисот, го обвинија дека не покажал лидерство.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба апелираше до Берлин да донесе брза одлука за испраќање дополнително тешко оружје на Украина. „Германија игра водечка улога во Европа и ние сметаме на ова лидерство“, изјави тој за германската телевизија. „Ние ја плаќаме цената со животите на луѓето“, рече тој, додавајќи дека ако Германија го сменеше својот пристап порано, тогаш војната можеше да се спречи.

Германија Енергенси заменик-канцелар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.