Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Од денеска, понеделник, во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје е пуштен во продажба дневен билет кој чини 120 денари и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно префрлувања на сите градски и приградски линии. Како што соопштуваат од претпријатието патникот има обврска да го отчука билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе се префрла. Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат…
Три години затворска казна за обвинетиот Јордан Ѓорѓиев пресуди судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје. Тој претходно призна вина за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, во која загина 24 годишната Викторија Николова, а повредено беше нејзиното момче Леонид Даов. Според обвинението, тој возел со брзина од 67,3 километри на час, што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина. Адвокатот Душко Јанковиќ по изрекување на пресудата изјави дека ќе се жали на продолжувањето на притворот, но нема да се жали на вистинита на казната од три години затвор за возачот кој ја усмрти младата девојка. (С.М.)
Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании. Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува турскиот весник „Сабах“. Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на средоземноморскиот брег на Турција. „Благодарение на оваа авиокомпанија, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во наводите. Покрај тоа, и „Туркиш ерлајнс“ наводно има договор со руски…
Судија на претходна постапка доцна вечерва одлучи да го прифати предлогот на Обвинителството и да определи мерка притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред финскиот парламент изјави дека е потребен „санкционен коктел“, кој ќе биде запаметен исто како „молотовите коктели“ за да се запре руската агресија. Зеленски побара од Финска да „покаже уште поголемо лидерство“ во Европската унија, велејќи дека ова ќе биде „најголемиот придонес во безбедноста на Европа“. Тој рече дека на Украина и треба оружје „што го имаат некои од партнерите во ЕУ“, како и „моќни ефикасни санкции против Русија на трајна основа“. „Треба да размислиме како да ја заштитиме Европа од руското енергетско оружје“, продолжи Зеленски. „Колку долго Европа може да ја игнорира потребата од…
„Од Брисел, преку Варшава и Жешов во Полска, сѐ до границата со Украина. И покрај интензивната Агенда, и огромниот притисок, Дмитро е трпелив, сталожен и пријатен, неуморно создавајќи не само сојузништва, туку и пријателства за својата земја. Украина и Украинците ја заслужуваат сета почит за својата храброст и издржливост, и во секоја смисла ја заслужуваат поддршка од пријателите“, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, прикажувајќи фотографија со украинскиот колега. Османи заедно со министерот за надворешни работи на Полска Рау Збигњев и на Украина Дмитро Кулеба, и министерката за надворешни работи на Шведска Ан Линде, попладнево во 16 часот…
Северна Македонија ги спроведе сите реформи, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство, за што впрочем и има одлука за почеток на преговорите уште во 2020 година, велат од Владата по вчерашниот повик на албанскиот премиер Еди Рама, Албанија да се одвои од Македонија во процесот на добивање датум за пристапни преговори. „Во однос на раздвојувањето на Република Албанија во овој процес, позицијата на Европската комисија е да бидат усвоени преговарачките рамки и да се одржат меѓувладините конференции со двете земји. Ова е процес заснован на заслуги, и двете земји спроведоа сериозни реформи, затоа почетокот…
„Без разлика на позицијата и функцијата, пред законите сите сме еднакви. За вакви случаи, кои ги водат независни институции како што е Обвинителство, треба да се произнесат правосудните органи. Тие имаат обврска да постапуваат по закон и во една транспарентна постапка да се докаже дали имало некакви злоупотреби, дали и кој треба да понесе одговорност.
Кремљ демантира дека Русија била вмешана во ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина, јавува Ројтерс. Во изјавата за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека руските вооружени сили немаат мисии закажани за Краматорск во петокот. Руското Министерство за одбрана, исто така, негираше дека руските сили се одговорни за нападот, објави руската државна новинска агенција РИА. Руската државна организација го цитираше Министерството дека ракетата била од тип што ја користела само украинската војска и слична на онаа што го погоди центарот на градот Доњецк на 14 март.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ги подржувам протестите на овие луѓе бидејќи тоа е само практично процес кој што следи на оној процес кој што го започна владата а тоа е зголемувањето на минималната плата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ги поддржува протестите на синдикатите. Мицкоски упати барање до Владата да се издигне, како што рече, над ниските страсти и да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ во собранието со кои што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и сложеноста на работните места, се со цел да се спречи незадоволството и кај синдикатите и…
Европската перспектива на сите земји од Западен Балкан е стратешка инвестиција во стабилноста и безбедноста на регионот, но и на Европскиот континент – се согласија денеска на средбата на маргините на економскиот форум Делфи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. „Северна Македонија со спроведените реформи го заслужи почетокот на преговорите со Европската Унија а моменталниот геополитички контекст не остава простор за одлагање на евроинтегративниот процес кој има сериозна безбедносна димензија“, изјави министерката Петровска на средбата со Лајчак. Двајцата соговорници констатираа дека дијалогот е најдобрата …
Управниот одбор на Здружението на судиите донел заклучок да побара од Владата да им бидат зголемени платите или ќе стапат во предупредувачки штрајк. „Здружението на судии бара договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите најмалку за 15 отсто да се усвојат во најкраток можен рок а не подоцна од две недели, а исто така да бидат усвоени измените на законот за платите на судиите најдоцна до 30 јуни 2022 година“, се вели во заклучоците кои се испратени до министерот за правда Никола Тупанчески и до Владата. Во спротивно, се додава, ќе стапат во штрајк на 28 април…