„Од Брисел, преку Варшава и Жешов во Полска, сѐ до границата со Украина. И покрај интензивната Агенда, и огромниот притисок, Дмитро е трпелив, сталожен и пријатен, неуморно создавајќи не само сојузништва, туку и пријателства за својата земја.
Украина и Украинците ја заслужуваат сета почит за својата храброст и издржливост, и во секоја смисла ја заслужуваат поддршка од пријателите“, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, прикажувајќи фотографија со украинскиот колега.
Османи заедно со министерот за надворешни работи на Полска Рау Збигњев и на Украина Дмитро Кулеба, и министерката за надворешни работи на Шведска Ан Линде, попладнево во 16 часот ќе одржат заедничка прес-конференција.