Author: Соња Крамарска

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје како сведок тврдеше дека законски купил и платил земјиште од околу 10 000 метри квадратни на Водно, од бизнисменот Орце Камчев, објави 360 степени. Самсоненко сведочеше на предлог на Камчев, кој е еден од обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“. Атрактивниот плац е во сопственост на фирмата „Лајв кеар центар“, која беше сопственост на фамилијата Камчеви, а рускиот бизнисмен ја купил во 2019 година. „Тоа е моја фирма која е купена на име на жена ми. Веројатно не сум бил тука или поради нешто друго, затоа на нејзино име…

Read More

Руските сили насилно депортирале 2.389 деца од Доњецк и Луганск, тврди украинското Министерство за надворешни работи. „Ваквите акции се грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението. Руското Министерство за одбрана завчера соопшти дека еден ден претходно биле евакуирани 16.434 лица, вклучувајќи 2.389 деца. Евакуацијата е извршена на различни места, вклучително и во „Доњецката народна република“и „Луганската народна република“ поддржани од Русија, а луѓето си заминале по своја волја, според Министерството. УНИЦЕФ ги коментираше овие најнови извештаи и изрази загриженост. „Киднапирањето деца за време на војна е едно од шесте тешки прекршувања во конфликт…

Read More

Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потпрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно и масло за јадење. „Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“,  со потпретседателот  Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да  почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските…

Read More

Беровскиот инспектор Санде Крамарски кој учествуваше во обредот со јагнето во домот на сопствениците на фармата „Мачевските деца“, ќе одговара пред дисциплинска комисија а во меѓувреме му се одземени надлежностите како инспектор. Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во известувањето до медиумите, што го испрати Анима Мунди, по пријавата за случајот https://fb.watch/bQutQlLcpR/  ќе спроведе дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап согласно член 73 точка 22 од Законот за административни службеници. Инспекторот ќе одговара за однесување спротивно на одредбите на Кодексот против државен службеник, а исто така му е одземена надлежноста за вршење на службени контроли во делот на здравствена состојба и…

Read More

Мешовитите бизнис комори на Северна Македонија и САД и Грција и САД познати како „ам-чам“ денеска за првпат имаа заедничка средба на која домаќин беше Скопје. Бизнисмени од двете страни на границата, заедно со претставници на американската амбасада во земјава неколку часа дискутираа за бизнис можностите кои ќе ги унапредат економските можности меѓу нашата земја и Грција, и ќе придонесат кон економски напредок на регионот. „Овој настан денеска на кој зборуваме за можностите за инвестирање во нашата земја како и начините на кои можеме да ја унапредиме и продлабочиме економската соработка меѓу Северна Македонија и Грција, е пример што може…

Read More

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави нов полициски час во главниот град. Во изјавата за Телеграм, Кличко рече дека полицискиот час ќе започне вечерва во 20 часот по локално време и ќе трае до 7 часот во среда. Утре нема да работат продавниците, аптеките, бензинските пумпи, институциите“, рече тој. „Затоа, ги замолувам сите да останат дома или во засолништа — на звук на аларм. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, вели Кличко.

Read More

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Добитник е на низа престижни награди. Во своето поздравно…

Read More

Бугарското Министерство за внатрешни работи до Обвинителството достави предлог за гонење на поранешниот премиер Бојко Борисов, неговата портпаролка Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, соопшти прес-центарот на бугарското МВР. Тие беа уапсени поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства. Борисов и неговите сопартијци беа ослободени од притвор во петокот вечерта, откако градското обвинителство на Софија пресуди дека полицијата нема доволно докази за нивно разоткривање. По истекот на првичниот притвор, софиското Обвинителство одби да им го продолжи за нови 72 часа, со образложение дека истражните полицајци не им доставиле на обвинителите нацрт-уредби за обвинение против тројцата.…

Read More

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“. Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко…

Read More

Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред медиумите изјави дека ембаргото за нафта е „одлука што ќе ги погоди сите“. Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој се разговора за проширување на санкциите против Русија, меѓу кои и за забрана на увоз на руска нафта. (извор: МИА)

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги сумираше впечатоците од вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, велејќи дека тимот се уште не ги знае точните причини за откажувањето на двата болида. – Сè уште не сме сигурни зошто се појави овој проблем. Но, да, тоа дефинитивно се случи откако механичарите ги ставија тркалата на болидот на пит-стопот. Нешто се случи. И не е дека воланот наеднаш станал тежок или нешто слично. Не, воланот стана речиси невозможно да се сврти. И колку побрзо возев, проблемот стануваше позабележлив. Имаше доцнење на воланот – на пример, секогаш кога ќе…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков за грчки „Катимерини“ изјави дека дава поддршка за ЕУ перспективата на Скопје, но со гаранции во Уставот за правата на Бугарите. Тој вели дека е „потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија со гаранции во Уставот”, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More